мини|Хампус Ван Хампус Ван (10 декември 1993) е шведски ракометар кој игра за германскиот клуб СГ Фленсбург-Хандевит и шведската репрезентација.Hampus Wanne at the European Handball Federation
Клупска кариера Хампус Ван ја започнал својата професионална кариера во првта Шведска лига за ракометбииот клуб Аренас. Во јануари 2013 година се преселил во ракометниот второлигаш Онередс РК, клубот во кој почнал да се занимава со ракомет уште како јуниор. На крајот на сезоната, Ване го сметале за еден од најголемите таленти кој играл на позиција лево крило. Тој потпишал едногодишен договор со ракометниот-гундлигашки тим СГ Фленсбург-Хандевит во сезоната 2013/14. Во својата прва сезона со тимот, СГ Фленсбург-Хендевит се квалификувал на фајналфорот на ЕХФ Лигата на шампионите во Келн. Во полуфиналниот натпревар против Барселона, тој постигнал три гола, откако влегол како замена во 45та минута кога Фленсбург бил во веќе во негатива со 24–29 голови. Одиграл клучна улога во импресивната серија на Фленсбург на тој натпревар од 6:0 и тоа во последните седум минути од регуларниот дел на натпреварот. Па така играта морала да продолжи со долнитрелни двапати по пет минути каде исто така завршила со нерешен резултат. Во ударот од седум метри Ване го реализирал одлучувачкиот пенал против голманот на Барсеолона Данијел Шариќ и го внел својот тим во финалето на Лигата на шампионите. Ван не учествувал во финалниот натпревар каде Флензбург го победил својот германски ривал ТХВ Кил со 30–28 и така стигнал до трофејот во Лигата на шампионите за прв пат во историјата на клубот. На крајот на сезоната, Ване го продолжил договорот со Флензбург до крајот на сезоната 2015/16.
Во 2015 година, Ване станал со својот тим шампион на ДХБ-Покал откако уште еднаш го постигнал победничкиот пенал во последните моменти од натпреварот против тимот на СЦ Магдебург.
Меѓународна кариера Ване првиот натпревар на меѓународно ниво со шведската машка ракометна репрезентација го одиграл против Германија на 18 март 2017 година. Тој бил во репрезентацијата на Шведска која го освоила сребрениот медал на Европското првенство во ракомет 2018 година во Хрватска.
Личен живот Ване е во врска со ракометарката Даниела Гастин.
Почести
Клуб
ЕХФ Лигата на шампионите медал (прво место) во 2014 година Ракомет-Бундеслига медал (прво место) во 2018, 2019 година медал (второ место) во 2016, 2017, 2020, 2021 година со тимот на Фленсбург медал (трето место) во: 2014, 2015 година ДХБ-Покал медал (прво место) во 2015 година медал (второ место) во: 2014, 2016, 2017 година ДХБ-Суперкуп : медал (прво место) во 2019 година медал (второ место) во 2015, 2018, 2020 година
Меѓународени натпревари со Шведска
ЕХФ Европско првенство медал (второ мест) во 2018 година ИХФ Светско првенство медал (второ место) во: 2021 година
Поединечни награди
Ол-стар на позиција лево крило на Светското првенство (идеален тим): 2021 година Ракометар на годината во Шведска: 2020/21
Наводи
Надворешни врски СГ фленсбург Хандевит
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Шведски ракометари Категорија:Родени во 1993 година