Медалот за храброст — воено одличие на Република Македонија кое се доделува за искажана храброст во воено-безбедносни операции или ситуации.
Особености Има основна четворокрака ѕвездеста форма во димензии од 55мм. Медалот е стилизирана четворокрака ѕвезда под која се вкрстени два меча. Во полето на ѕвездата има осум златни краци кои се спојуваат во централната точка на средишниот круг во кој е напишано мотото - „за храброст“.
Медалот е изработен од сребро, позлата, тониран топол емајл. Има соодветна лента и минијатурна лента. Редниот број на орденот, соодветен жиг за чистота на металот од кој е изработен и жигот на производителот се втиснати на задниот дел на орденот.
Секој орден и медал има соодветна кутија, во одредена боја, која димензионално одговара на димензиите на одличјата. На поклопецот на кутијата со златовтиснување е името на одличјето.
Лентите за ордените се изработени од маорирана свила во пропишаната боја и димензија.
Критериуми Медалот за храброст се доделува на:
припадници на вооружените сили на Армијата на Република Македонија, на вработените од Министерството за внатрешни работи и на други личности за покажана лична храброст и самопрегор во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, или во заштитата на човечки животи или материјални добра во опасни ситуации и припадници на Министерството за внатрешни работи за посебни заслуги и долгогодишно ангажирање при вршење на работите и задачите; посебно ангажирање во спасување или заштита на животот, имотот и здравјето на граѓаните, посебно ангажирање во спречувањето на нарушувањето на јавниот ред и мир во поголем обем или заради особени заслуги и придонес во меѓународната афирмација на Министерството. Добитници потполковник Орце Јордев мајор Драганчо Војнески мајор Димче Велков постар водник Стојче Стоилов постар водник Зоран Ристов водник Зоран Трајков Сами Нуредин 46 загинати припадници на АРМ од 2001 г., посмртно 11 припадници на мисијата АЛТЕА, посмртно 32 загинати припадници на МВР од 2001 г., посмртно 8 загинати припадници на МВР од Вооружената престрелка во Куманово (2015), посмртно.http://president.mk/mk/2011-09-03-12-21-37/3810-dodeluvanjeordenzavoenizaslugimedalzahrabrost.html
Наводи
Категорија:Македонски ордени и одликувања