Алан Маркес Лоуреиро (роден на во Рио де Жанеиро), попознат само како Алан бразилски фудбалер, играч од средниот ред на Евертон и на бразилската репрезентација.

Биографија Класичен централен играч од средниот ред или мецала, со посилна десна нога, опремен со висок квалитет во фазата на стопирање на противничките играчи и физичка сила што го прави еден од најдобрите играчи на светот во враќањето на поседот на топката на својот тим. Умее да освојува простор и да напредува на противничката половина со топката во нозете и поседува одлични технички квалитети. Важи за еден од најдобрите играчи од средниот ред на светската фудбалска сцена.http://www.mondoudinese.it/2015/03/da-pizarro-ad-allan-il-ruolo-che-non-ce/http://www.sportmediaset.mediaset.it/calcio/napoli/napoli-e-iniziata-l-era-sarri-allan-giocatore-completo-_1070777-201502a.shtml

Клупска кариера Мадуреира и Васко да Гама Тој ја започнал својата кариера во 2007 година, кога дошол во екипата на Мадуреира каде играл шест месеци во младинските категории пред да се пресели на позајмица, во Васко да Гама во 2008 година. Во 2009 година, откако позајмицата му истекла, Васко да Гама решиле да го откупат Алан иако за време на периодот под заем тој не настапил ниту еднаш за првиот тим. Сепак, веднаш по потпишувањето траен договор со Васко да Гама тој бил приклучен меѓу играчите кои го сочинуваат првиот тим. Тој го имал своето деби во Серија Б на 5 септември, за време на првенствениот натпревар против Атлетико Гојаненсе. На 11 ноември, за време на првенствениот натпревар против Кампинесе, го добил првиот црвен картон во својата кариера. За време на натпреварот од Копа Судамерикана против Клуб Аурора го постигнал својот прв гол во професионалната кариера.

Титули Клупски Васко да Гама Серија Б : 1 2009

Куп на Бразил : 1 2011

Наполи Куп на Италија : 1 2019-2020

Репрезентативни Бразил под 20 години Светско првенство под 20 години : 1 2011

сениорска репрезентација Копа Америка : 1 2019

Наводи

Надворешни врски Алан на soccerway Алан на transfermarkt

Категорија:Живи луѓе Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Удинезе Категорија:Фудбалери на ФК Наполи Категорија:Фудбалери на ФК Евертон