Просперо е релативно мал ретрограден неправилен сателит на Уран откриен на 18 јули 1999 година од страна на астрофизичарот Метју Холман и неговиот тим. Му била доделена привремената ознака S/1999 U 3. Потврден како Уран XVIII името го добил по волшебникот Просперо од драмата на Вилијам Шекспир - Бура. лево|мини| Анимација од слики направени при неговото откривање кои го прикажуваат движењето на Просперо меѓу ѕвезди во позадина Орбиталните параметри наведуваат дека можеби припаѓа на истото динамично јато како и Сикоракс и Просперо, што укажува на тоа дека имаат заедничко потекло. Но, ваквото стојалиште не се совпаѓа со неговите забележани бои. Сателитот кога е осветлен има неутрална (сива) боја (боен показател BV=0,80, RV=0,39), лична на Сетебос, но различна од Сикоракс (кој е светло црвен).

Поврзано Природни сателити на Уран Неправилни сателити

Надворешни врски Профил на Просперо од Истражување на Сончевиот Систем од НАСА Страници од Дејвид Џуит Познати сателити на Уран (од Скот С. Шепард )

Наводи

Категорија:Астрономски тела откриени во 1999 година Категорија:Неправилни месечини Категорија:Уранови месечини Категорија:Месечини со повратна орбита