Родоскиот пешачки мост ― старогрчки лаковен мост во градот Родос, Грција. Датира од 4 век п.н.е. или раниот хеленистички период, скромната структура го претставува најстариот познат грчки мост со вусоарски лак.;

Изградба и местоположба Родоскиот пешачки мост бил откриен во 1966–67 година во близина на источното пристаниште на градот Родос, Акандискиот Заливот. Таму вештачки канал од 2,15 м длабочина, се движел напоредно со ѕидините на античкиот град, разделени со улица широка 11 м. Страничните ѕидови на каналот биле изработени од најмалку четири слоја поросни варовнички блокови, истиот материјал користен и за лакот.

Речиси во средината, каналот го поминува 8 м широк лак од камења во облик на клин кој служел како пешачки мост. Заоблениот отвор има единечен распон од 2,8 м, исто со ширината на каналот. Неговиот изненадувачки низок пораст, од редот од 1 до 3−4, му дава изглед на сегментален, па дури и повеќецентричен лак, од кој тој е единствениот познат пример во грчката архитектура.; only known instance:

Иако се тврди дека пешачкиот мост останал единствениот своден мост во грчкиот свет, има - дискутабилни - докази за уште најмалку три грчки вистински лаковни мостови од предримското време., contested by

Поврзано

Список на римски мостови

Наводи

Извори

Дополнителна литература

Bougia, Polyxeni (1996), „Ancient Bridges in Greece and Coastal Asia Minor“, Дисертација, Пенсилвански универзитет

Надворешни врски

Фотографија на мостот

Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Старогрчка архитектура Категорија:Мостови во Грција Категорија:Камени мостови