мини|Јаспер Бломквист во декември 2005 Ларс Јаспер Бломквист (5 февруари 1974) е поранешен шведски фудбалер кој играл на позицијата лев играч од средниот ред или лево крило.
Тој бил помошник тренер на тимот на Хамарби од Суперетан лигата од декември 2009 до ноември 2010 година. Играл во ИФК Гетеборг, каде што освоил четири последователни титули во Алсвенскан лигата помеѓу 1993 и 1996 година. Играл и во Манчестер Јунајтед, каде бил дел од тимот што ја освоил тројната круна во 1999 година, составена од Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите на УЕФА. Тој се вратил во шведскиот фудбал во 2003 година во тимот на Ѓургарден, каде ја освоил својата последна титула во Алсвенскан лигата пред првично да се повлече од професионалниот фудбал во 2005 година. Кризата со неговите повреди предизвикало враќање на тимот по понизок ранг Еншепинг лигата во 2008 година.
Бломквист настапил на 30 меѓународни натпревари за Шведска во кои на дел од нив помогнал да стигне до третото место на Светското првенство во фудбал во 1994 година во САД.
Клупска кариера
Шведски фудбал лево|мини| Слика што го опишува голот на Бломквист против Хелсингборг ИФ во 1995 година По првичните настапи за тимот на Тавелсјо ИК, Бломквист потпишал за тогаш штотуку формираниот клубна Умео ФК во 1992 година. Во пролетниот дел од неговата прва сезона за клубот, со своите игри помогнал да ја освојат титулата во Дивизија 2 Нора Норланд, промовирајќи го клубот во Дивизија 1 Нора лигата. Во тоа време таа лига била втора по ранг во шведскиот фудбал. Подоцна, потпишал за тимот ИФК Гетеборг и тоа на 11 септември 1993 година. Бломквист дал голем придонес за шампионската титула на клубот во Алсвенскан лигата таа година. Бломквист постигнал осум голови на 24 лигашки настапи на патот до титулата во шведската лига во 1994 година. Подоцна одиграл главна улога во напредувањето на Шведска до полуфиналето на Светското првенство, но и постигнал гол во победата на својот клуб од 3:1 над Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите, исфрлајќи го од натпреварувањето. Овој настап го привлекол вниманието на тренерот на Јунајтед, Алекс Фергусон. Следувало уште една титула со тимот во 1995 година, токму со голот на Бломквист против тимот на Хелсингборгс IF, кога се спровела акција со двојно подавање или со варијантата на кружниот потег со соиграчот Пеле. Овој гол бил избран за гол на годината во шведското првенство. Во неговата последна сезона за Гетеборг, тој играл против поранешниот клуб Умео, кој во таа сезона стигнал до Алсвенскан лигата и тоа прв пат во нивната историја. Во 1996 година, Бломквист бил избран за играч на годината од страна на навивачите и за најдобар играч од средниот ред. На крајот на сезоната 1996, тој потпишал за новокрунисаниот шампион во Серија А, Милан.
Серија А Во својата прва сезона во италијанскиот фудбал, Бломквист заедно со екипата на Милан не успеал да освои трофеј. Поголемиот дел од сезоната бил на клупата за резервни играчи. Тој не сакал да замине на Олд Трафорд, бидејќи не сакал да му се повтори претходната сезона. Бранителот на титулата Милан имал подеднакво разочарувачка сезона и завршил на 11то место во Серија А и не успеал да се пласира во европските фудбалски купови. Бломквист подоцна преминал во второпласираната екипа на Парма. Тоа се случило во летото 1997 година. Бломквист уживал во својата игра, иако клубот на Парма завршил на 6то место во лигата и пропуштил да се квалификува во фазата на Лигата на шампионите. Единствениот првенствен гол на швеѓанецот за клубот бил постигнат во победата од 4:0 над тимот Наполи на стадионот Сан Паоло.
Премиер лига Манчестер Јунајтед го купил Бломквист како резервен играч на Рајан Гигс во раната фаза на сезоната 1998-1999 година за сума од 4,4 милиони фунти, три години откако менаџерот Алекс Фергусон за првпат се обидел да го ангажира за тимот Јунајтед од тимот ИФ Гетеборг. Бломквист одиграл доволно натпревари за да освои медал за победници во Премиер лигата. Тоа се случило во сезоната 1999 година, кога го постигнал својот единствен гол за клубот во победата од 4:1 на гости против тимот на Евертон. Бломквист освоил медал за победник во ФА Купот и покрај тоа што бил на клупата за резервни играчи на натпреварот од финалето. Сепак, тој на наредниот натпревар започнал да игра против тимот на Баерн Минхен во финалето на Лигата на шампионите. Бломквист бил многу блиску до постигнување на гол, но пред крајот на натпреварот бил заменет од соиграчот Теди Шерингем, кој подоцна постигнал израмнувачки гол по раното водство на тимот на Баерн. Јунајтед на крајот го добил натпреварот со резултат од 2:1.
Поради тешката повреда на коленото добиена во финалето на Лигата на шампионите, Бломквист не играл фудбал во следните две сезони, што резултирало со тоа Манчестер Јунајтед да одлучи да не го продолжи договорот. Тој останал со договор во Јунајтед од седмица до седмица на Олд Трафорд пред конечно да замине кога Алекс Фергусон го убедил тренерот на Евертон, Валтер Смит да му понуди на шведскиот репрезентативец краткорочен договор на Гудисон Парк, од месец ноември 2001 година до крајот на сезоната. Бломквист играл на крилната позиција наспроти својот сонародник Никлас Александерсон. Тој го постигнал својот прв гол за Евертон против тимот на Сандерленд во јануари 2002 година. Сепак, проблемите со повредите кај него продолжиле, а новиот менаџер Дејвид Мојс му дозволил да го напушти клубот во јуни 2002 година. Тој имал пробен период во Мидлсброу, но не бил задоволен од ситуацијата во клубот, велејќи дека односот бил непрофисионален. Наместо тоа, тој потпишал за тимот на Чарлтон Атлетик со тренерот Алан Кербишли како слободен играч. Неговата кариера во новиот клуб во Долината била уште пократка, и таму имал само три првенствени настапи за тимот од јужен Лондон пред да дојде перидот од 5 години исполнет со многу повреди.
Враќање во Шведска Мачејќи се со нови повреди, Бломквист се вратил во својата родна Шведска по само четири натпревари со тимот на Чарлтон. Потпишал краткорочен договор со тимот Ѓургарден ИФ. Ова било многу лошо прифатено од навивачите на Гетеборг кои го нарекле Бломквист „јуда“(предавник). Навивачите на Гетеборг ја сметале неговата одлука за предавство и мислеле дека тој требало да дојде и да игра за нивниот клуб. Бломквист одиграл на високо ниво, а тимот станал шведски шампион во таа година. Меѓутоа, проблемите со повредите го ограничиле на само девет првенствени настапи. За време пред престојот во Манчестер Јунајтед, тој останал во клубот на Ѓургарден само две сезони, пред конечно да одлучи да се пензионира поради тешка повреда во 2005 година.
Бломквист му се приклучил на Еншепинг СК како тренер во 2008 година. Недостигот на играчи во клубот поради повреди го принудило Бломквист да се врати на терен и да игра. Недостигот на играчи било уште по истакнато кога Бломквист бил исклучен со црвен картон во неговиот втор натпревар за клубот. Ова резултирало со суспензија за Бломквист, а тимот на Еншепинг имал на располагање само петнаесет играчи за следниот натпревар. На 15 септември 2008 година, тој го постигнал својот прв професионален гол по пауза од цели пет години во победата со 1:0 против тимот на ИК Сириус. Вкупно, тој забележал 10 настапи во Суперетан лигата, но не можел да го спаси Еншепинг од испаѓање во Дивизија 1 во сезоната 2009. Го напуштил Еншепинг до крајот на сезоната и подоцна потпишал договор тимот на Хамарби ИФ на позицијата како помошник тренер на Мајкл Боргквист.
Во 2010 година, Бломквист повторно играл, влегувајќи како замена во 85 минута за тимот Хамарби против екипата на Трелеборг ФФ во Купот на Шведска, што бил еден од ретките тренери кои всушност во тој момент бил и тренер и играч. По тешкиот период во клубот, тој решил да го напушти Хамарби со заедничка согласност од двете страни, во ноември 2010 година.
Во 2012 година, Бломквист практично се пензионирал како фудбалер, фокусирајќи се на неговата приватна кариера. Тој го направил тоа со започнување на студии за трговија.
Меѓународна кариера Бломквист бил дел од шведската државна репрезентација кој го освоил бронзениот медал на Светскиот куп на ФИФА 1994 година. Својот прв репрезентативен натпревар го имал против тимот на Колумбија во 1994 година. Неговиот единствен натпревар на Светското првенство во стартните единаесетмина го имал против екипата на Камерун. Во вториот натпревар влегол од клупата кога го заменил Хенрик Ларсон во второто полувреме во натпреварот против подоцнежниот шампион Бразил. Секој член на шведскиот тим бил награден со златен медал Свенска Дагбладет како признание за нивното трето место на турнирот и освоениот бронзен медал. Бломквист се сметал за главен дел од тимот на Светското првенство на ФИФА 2002 година. во Јужна Кореја и Јапонија. Тој за својата заемја имал вкупно 30 настапи во кои нема постигнато гол.
Приватен живот живот Бломквист е роден и израснат во Тавелсјо, во општината Умео во Шведска. Тој моментално живее во Шведска, иако има купено имот и во Хрватска. По официјалното пензионирање во 2005 година, станал стручњак (фудбалски експерт) за шведската телевизија ТВ4. Бломквист бил жртва на напад за време на посетата на неговиот роден град Умео во септември 2006 година, кога бил удрен двапати по лицето. Неговиот напаѓач е кривично гонет за сторениот инцидент.
Бломквист има син по име Каспер.
Статистика во кариерата
Клупска статистика +Вкупно одиграни натпревари, клупови, постигнати голови по сезониКлубСезонаЛига, настапи и постигнати головиКупЛига купЕвропски натпревариДругиВкупноЛигаНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиУмео1992Дивизија 2 Нора Норланд Хоштетан Нора276–––2761993Дивизија 1 Нора112–––112Вкупно388–––388ИФК Гетеборг1993Алсвенскан прва шведска лига6100–00–611994Алсвенскан прва шведска лига24810–93–34111995Алсвенскан прва шведска лига18331–21–2351996Алсвенскан прва шведска лига25650–72–378Вкупно731891–186–10024Милан1996–97Серија А19100–––1911997–98Серија А1010–––20Вкупно20110–––211Парма1997–98Серија А28130–––311Манчестер Јунајтед1998–99Премиер лига251501070–3811999–2000Премиер лига––––––2000–01Премиер лига––––––Вкупно251501070–381Евертон2001–02Премиер лига15130000000181Чарлтон Атлетик2002–03Премиер лига301000000040Ѓургарден2003Алсвенскан прва шведска лига9100–10–1012004Алсвенскан прва шведска лига0000–00–002005Алсвенскан прва шведска лига0000–00–00Вкупно9100–1000101Еншепинг2008Суперетан втора шведска лига101–––101Хамарби2010Суперетан втора шведска лига6010–––70Вкупно во кариера22732231102660025739
Меѓународна статистика +Настапи и голови во репрезентација по година Репрезентација Година Натпревари Голови Шведска 1994 година 12 0 1995 година 2 0 1996 година 4 0 1997 година 6 0 1998 година 3 0 1999 година 2 0 2000 година 0 0 2001 година 0 0 2002 година 1 0 Вкупно 30 0
Наводи
Надворешни врски Јаспер Бломквист на СвФФ (на Шведски) (archive)
Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Парма Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1994 Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1974 година