Најгрдата убавица (шпански: La Fea Más Bella), е една од најновите продукции на телевизиската куќа Телевиса. Серијата во Мексико започна со прикажување во почетокот на 2006 година. Оваа теленовела се смета за една од најдобрите и најуспешните теленовели во Мексико, во последните 10 години. Серијата е полна со хумор, како и со романтични сцени. Насловната нумера ја испеа мексиканската група Бацилос. Кај нас серијата се емитува на Сител Телевизија.
Синопсис мини|300п|лево|Патрисија Навидад во улогата на убавата Алисија Лети е млада, драга и симпатична, интелигентна девојка, но тотално непривлечна. Нејзините родители, Ерасмо и Хулиета, се бореле за на Лети да и пружат најдобро школување и дипломирала економија како најдобра во генерацијата и магистрирала финансии. Нејзиниот најдобар пријател е Томас, со кој ги дели нејзините солзи и смеи. Томас е паметен, но непривлечен како и Лети. Лети не ја гледа својата грдост како препрека, и поверливо оди кон барање на работа, но за жал открива како нејзината вештина и знаењето не се доволни за работата која ја бара, дури сите барат и подобри, околку згоден изглед. Како и да е, работата е работа и она ја прифаќа работата како секретарка во фирмата "Консептос", во најпознатата продуцентска куќа во земјата, кои ја основале Дон. Умберто Мендиола и Хулијан Виљароел. Сега кога Дон. Умберто заминува во пензија, неговиот син Фернандо и синот на неговиот партнер, Ариел Виљароел, се натпреваруваат за директор на фирмата. Фернандо победува со еден глас, кој му го дава Марсија Виљароел, голема акционерка и негова девојка. Арогантниот Ариел само чека Фернандо да се откаже од работа, како би го преземал неговото место. Ривалката на Лети за местото за секретарка во фирмата е преубавата Алисија Фереира, обична и привлечна жена без знаење и искуство. Фернандо ја одбира Лети како секретарка, која навистина е најдобра кандидатка, освен она што ја прави непривлечна. Марсија ја зема таа причина како Алисија исто така би ја добила работата. На крајот и двете остануваат фо фирмата; Алисија како рецепционерка и добива трипати поголема плата од Лети, која добива мал простор во канцеларијата на Фернандо, и се грижи за неговиот распоред. Лети е среќна што Фернандо е на нејзина страна, станува негова пријателка, што ги прави Марсија и Алисија како нејзини непријателки. Но, проблемите на Лети во фирмата само што почнуваат: компанијата запаѓа во финансиски пробелми. За да се соочи со проблемите, Лети се заљубува во Фернандо, но се чуди како толку убав маж може да се заљуби во неа? Како и да е, интелегенцијата на Лети и тешката работа ќе и донесат позитивни резлутати во работниот круг, што се не би можело да се рече и за љубовниот круг.
Улоги Глумци ЛиковиАнхелика Вале Летисија Падиља СолисХаиме Камил Фернандо МендиолаЕлизабет Алварез Марсија ВиљароелПатрисија Навидад Алисија ФереираАгустин Арана Омар КарвахалЛуис Мануел Авиља Томас МораАнхелика Марија Хулиета Падиља СолисХосе Хосе Ерасмо ПадиљаСерхио Мајер Лујџи ЛомбардиРаул Магања Ариел Виљароел
Грдата Лети на Балканот Македонија: Сител Телевизија Србија: Пинк Телевизија Црна Гора: Пинк М Грција: Алфа ТВ Хрватска: Нова ТВ
Надворешни врски Официјално мрежно место Сериалс.ру
Категорија:Мексикански телевизиски серии Категорија:Теленовели