Елена е месечина на Сатурн. Откриена е од Пјер Лак и Жан Лекашо во 1980 година со набљудување од Пик ду Миди Опсерваторијата, и била означен како . Во 1988 година го добила официјалното име по Елена Тројанска, која во грчката митологија била внука на Крон (Сатурн). Елена во 1982 година исто така била означена и како (12), и како Диона Б,Transactions of the International Astronomical Union, Vol. затоа што е коорбитална со Диона и се наоѓа во нејзината предна Лагранжова точка (). Таа е една од четирите познати тројански месечини. лево|мини| Анимација на орбитата на Елена во однос на Сатурн и Диона Елена била забележана од Земјата во 1980 година, а надлетувањата на Војаџер на Сатурн во раните 1980-ти овозможило запознавање со месечината одблизу. Мисијата Касини-Хајгенс, која отишла во орбитата околу Сатурн во 2004 година, обезбедила уште подобро запознавање и овозможила подлабока анализа на Елена, како и поглед на површината под различни услови на осветлување. Најблиските слики на Елена до денес се направени од вселенското летало Касини кое прелетало на 1800 км од нејзината површина на 3 март 2010 година, а во јуни 2011 година направена била уште една успешна сесија на снимање. Во текот на мисијата Касини имало уште многу други пристапувања.
Геологија Сликите на Елена направени од вселенското летало Касини, со резолуција до 42 метри по пиксел, покажуваат пејзаж кој се одликува со широки вдлабнатини од 2 до 10 километри со внатрешна стрмнина не поголема од 12°. Овие басени се веројатно распаднати остатоци од стари ударни кратери.O. M. Umurhan, A. D. Howard, J. M. Moore, P. Schenk and O. L. White (2015).
Тенки, издолжени и издигнати канали со должина од неколку километри се наоѓаат по стрмнините на многу од басените на Елена и веројатно се направени од огромни текови, што покажува дека Месечината е под влијание на активни геолошки процеси како губење на маса и ерозија. Дигиталните модели за одредување на височина наведуваат дека каналите имаат испакнат релјеф помеѓу 50 и 100 метри.
Симулациските модели покажуваат дека површинска активност на Елена е хаотична и се појавува во нерегуларни периоди.
Површински материјал Површинскиот материјал на Елена е со релативно висока рефлексија, што укажува дека зрната се со големина од 1 до 100 микрометри. Малите кратери изгледаат како да се малку затрупани, што укажува на неодамнешни процеси од некој вид на насобирање.
Лабораториското тестирање за силината на ударот на примероците од месечевиот реголит, создадени со удар, покажуваат дека при мала густина тие се однесуваат како нењутнови „Бингам“ материјали, т.е. имаат пластични својства на восок и ледници. Ова наведува дека површинскиот материјал на Елена кој сличи на снег може да се однесува како не-Њутнови масивен тек и кој што претежно е причината за видливите проточни модели што се гледаат на нејзината површина со мала гравитација.
Избрани слики Претежно необработени слики во црно-бела техника со близу инфрацрвени или ултравиолетови канали. мини|Касини - слика на Елена (3 март 2010 година)мини|Карактеристичните проточни текови на предната полутопка на Елена (Касини, јануари 2011 година)мини|Страната на Елена свртена кон Сатурн, осветлена со сјај од Сатурн (Касини, март 2010 година) мини|Елена одблизу со Сатурн во позадина (Касини, март 2010 година)мини|Касини слика од 3 март 2010 годинамини|Слика направена од Касини на ноември 2008 година мини|Слика од Касини направена во јули 2007 годинамини|Слика од Војаџер 2 (август 1981 г.)
Наводи
Надворешни врски Профил на Елена од Истражувањето на Сончевиот Систем на НАСА; исто така, видете ја мисијата на Касини: Елена Планетарното друштво: Елена Елена има две лица - Планетарното друштво : Мини атлас на Елена - 11 март 2010 година Касини ја слика Елена - Планетарното друштво : Видео и прегледи- 20 јуни 2011 година
Категорија:Астрономски тела откриени во 1980 година Категорија:Сатурнови месечини Категорија:Тројански месечини