Александар Ѓорѓиев (р. година во Титов Велес) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Во 1975 година, Ѓорѓиев дипломирал на Факултет за драмски уметности - Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на Љубиша Георгиевски и Владимир Милчин, и истата година се вработил во Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес и таму останал сė до неговото пензионирање во 2014 година. Бил директор на театарот во период од 1988 до 1999 година, а пет години претходно уметнички директор. Подготвил две претстави, едната дуо драма „Измамници“ од Славомир Мрожек, со колегата Сребре Ѓаковски и „Арсеник и стари дантели“ со колегите од класата. Тој има оддиграно над 150 премиери во театарот, и има соработувано со Петре Прличко, Тодор Николовски, Младен Крстевски, Слободанка Чичевска и други.
Филмографија Ѓорѓиев ги остварил филмските улоги: Година Филм Улога 1975 Прва вечер ТВ-филм 1979 Наши години ТВ-серија Војник 1982 Јужна патека ТВ-филм 1988 Скопски сновиденија ТВ-филм 1989 Кога меракот пее ТВ-серија 1990 Северна грешка ТВ-филм 1994 Проколнати ТВ-филм Началникот 1995 Заборавени ТВ-филм Ранетиот 1998 На Балканот не се пие чај ТВ-филм Селанец 2 1999-2003 Македонски народни приказни ТВ-серија 2004 Илузија ТВ-филм Ноќен чувар 2005 Крчма на патот кон Европа ТВ-филм 2007 Јас сум од Титов Велес ТВ-филм Чувар на фабриката 2009-2010 Народни приказни ТВ-серија 2010 Царската е последна ТВ-филм 2011 Македонски народни приказни ТВ-серија 2011-2012 Седум часа разлика ТВ-серија Лука Карлов 2013 Тврдокорни ТВ-серија Константин 2014 Приказни од животот ТВ-серија Виктор 2015-2017 Македонски народни приказни ТВ-серија 2019 Баба Донка ТВ-филм Дедото 2022-2023 Бистра вода ТВ-серија
Театарски претстави Ѓорѓиев остварил бројни театарски улоги:
Поважни театарски улоги: Хор (Славата и смртта на Хоакин Муриета, 1976), автор: Пабло Неруда, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар Пит ван Дорн (Мласоста пред суд, 1981), автор: Ханс Тимаер, режисер: Ристо Мајсторов, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ (Крал Иби, 1986), автор: Алфред Жари, режисер: Стојан Стојаноски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Горјан (Хамлет од Долно Дивјаци, 1987), автор: Иво Брешан, режисер: Душан Наумовски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Анучкин (Женидба, 1987), продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ (Смртта на Тенелкин, 1988), автор: Александар Василевич, режисер: Стојан Стојаноски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ (На сечило, 1989), автор: Бранко Варошлија, режисер: Душан Наумовски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Жико (Шуаби ап, 1989), автор: Жаклина Мирчевска, режисер: Слободанка Чичевска, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Герд Зидов (Пречистување, 1990), автор: Сашко Насев, режисер: Златко Славенски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ (Крчма на патот за Европа, 1991), автор: Жаклина Мирчевска, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ (Нажалена фамилија, 1992), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Димитар Станковски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Кондуктерот (Тажна вест, 1992), автор: Огнен Неделковски, режисер: Димитар Станковски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Духот (Антигона, 1993), автор: Софокле, режисер: Стојан Стојаноски, продукција: Стоби (Време на сонување, 1993), автор: Војдан Чернодрински, режисер: Златко Славенски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ (Змејовите заминуваат, 1994), автор: Југослав Петровски, режисер: Виолета Џолева, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Пинго (Смрзнатиот пингвин, 1996), автор: Слободанка Чичевска, режисер: Јордан Витанов, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ (Фортинбрас е пијан, 1996), автор: Јиржи Гловачки, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Болничар (Сонот во А-мол, 1997), автор: Југослав Петровски, режисер: Димитар Станковски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Докторот (Четериесен маченици, 1997), автор: Христо Бојчев, режисер: Димитар Станковски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ (Љубовна вртелешка, 1998), автор: Аргур Шницлет, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ (Елешник, 2000), автор: Југослав Петровски, режисер: Димитар Станковски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ (Дупло дно, 2002), автор: Горан Стефановски, режисер: Благојче Божиновски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ (Домот на Бернарда Алба, 2004), автор: Федерико Гарсија Лорка, режисер: Стојан Стојаноски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Демир ага (Будење, 2004), автор: Трајче Кацаров, режисер: Владимир Талески, продукција:Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Прв граѓанин (Жени во народно собрание, 2005), автор: Аристофан, режисер: Петрос Панамас, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Кралче (Железното пиле, 2005), автор: Благоја Ристески, режисер: Јордан Витанов, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Тејлор (Проклетството на изгладнетата класа, 2007), автор: Сем Шепард, режисер: Никола Ристов, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Крисип (Да се заборави херострат), автор: Георгиј Горин, режисер: Зоја Бузалковска, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ (Тероризам, 2009), автор: Владимир Преснјаков, режисер: Александар Иваноски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Дедо (Чернодрински се враќа дома, 2009), автор: Горан Стефановски, режисер: Мартин Кочовски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Д-р Ранк (Нора, 2011), автор: Хенрих Ибзен, режисер: Никола Ристов, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ (Бетија, 2013), автор: Аџело Паолко, режисер: Никола Ристов, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Господин Лојал (Тартиф, 2014), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Никола Ристов, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ (Приказни за шестиот кат, 2015), автор: Драги Михајловски, режисер: Деан Дамјановски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Професор (Класен непријател, 2015), автор: Најџел Вилијамс, режисер: Теа Беговска, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Кобус (Добрата надеж, 2016), автор: Херман Хеијерманс, режисер: Александар Ивановски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Прв актер (Ана Комнена, 2017), автор: Сашо Димоски, режисер: Ненад Витанов, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Алекса (Сомнително лице, 2018), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Венцислав Ристов, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
Награди Награда „Петре Прличко“ 2014 Награда "9-ноември" на градот Велес Награда „Гемиџии“ 2021
Наводи
Категорија:Глумци од Велес Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Југословенски глумци Категорија:Македонски режисери Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје