Ацко Стојков Вељановски (10 декември 1920 во Бабино, Демирхисарско — 1945 на Сремскиот фронт) — македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис Ацко Стојков Вељановски е роден во селото Бабино. Се занимавал со земјоделство. Во НОБ стапил во септември 1944 година. Пред дефинитивното ослободување на земјата завршил подофицерски курс во Ќуприја, а потоа заминал на Сремскиот фронт, каде што во пролетта 1945 година загинал.

Наводи

Категорија:Родени во 1920 година Категорија:Починати во 1945 година Категорија:Учесници во НОБ