Европа (ознака за мала планета: 52 Европа) — 6-ти по големина астероид во Астероидниот појас, со пречник од над 300 км, иако не е соодветно масивен. Не е тркалезен, туку е обликуван како елипсоид со приближно 380×330×250 км. Откриен е на 4 февруари 1858 година од Херман Голдшмит од неговиот балкон во Париз. Името е според Европа, која била граната од страна на Зевс во грчката митологија, име што го дели со месечината на Јупитер, Европа.
Физички одлики лево|мини| 3D модел на Европа Европа е приближно шестиот по големина астероид по волумен. Најверојатно има густина од околу 1,5 g/cm³, типична за астероидите од типот C. Во 2007 година, Џејмс Баер и Стивен Р. Чесли процениле дека Европа има маса од килограми. Поновата проценка на Баер сугерира дека има маса од 3,27 kg.
Европа е многу темен јаглероден астероид од C-тип и е втор по големина од оваа група. Спектроскопските студии пронашле докази за оливини и пироксени на површината, и има одредени индикации дека може да има разлики во составот помеѓу различни региони Тој орбитира блиску до семејството на астероиди Хигија, но Европа не е член.
Податоците од светлинската крива за Европа биле особено незгодни за толкување, толку многу што долго време нејзиниот вртежен период бил спорен (од 5 и пол часа до 11 часа), и покрај бројните набљудувања. Денес е утврдено дека Европа е програден ротатор, но точната насока на точките на нејзините полови останува нејасна. Најдеталната анализа покажува наклон или кон околу еклиптичките координати (β, λ) = (70°, 55°) или (40°, 255°) со неизвесност од 10°. Ова дава осен наклон од околу 14° или 54°, соодветно.
Во 1988 година било извршено пребарување за сателити или прашина што кружи околу овој астероид со помош на телескопот UH88 во опсерваторијата Мауна Кеја, но напорите се дале резултат.
Набљудувања Откриено е дека познатата катаклизмична променлива ѕвезда CV Aquarii, откриена во 1934 година, всушност била погрешна идентификација на 52 Европа.
десно|мини|Анимирање на орбитата на 52 Европа 2000-2020
Наводи
Библиографија
Податоци за светлинска крива PDS Schmeer, P., and ML Hazen, CV Aquarii идентификуван со (52) Europa, Journal of the American Association of Variable Star Observers, Vol. 28, стр. 103 (2000).
Надворешни врски
модел на форма изведен од светлинската крива
Категорија:Астрономски тела откриени во 1858 година Категорија:Астероиди од типот C Категорија:Астероиди од типот CF Категорија:Астероиди наречени по ликови од старогрчката митологија Категорија:Откритија на Херман Голдшмит Категорија:Хигиски астероиди Категорија:CS1-одржување: архивиран примерок како наслов