Св. Константин и Елена — црква во охридското село Подмоље. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е еднокорабен храм со полукружна апсида. Подигната е во 1934 г. врз постара црква. Живописана е во 1937 г. од лазарополскиот мајстор Јордан Доневски. Негова е и иконата на Светата Троица. Црквата била осветена во 1969 година од митрополитот Методиј Дебарско-кичевски.

Галерија

Поврзано Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво

Наводи

Подмоље Категорија:Дела на Дебарската школа