Св. Никола — црква во охридското село Оздолени, Општина Дебрца. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е сместена на возвишение на североисточниот крај на селото. Претставува еднокорабна градба изградена од камен, а седумстраната апсида на исток е целосно направена од бигор. Во храмот се зачувани дваесетина поствизантиски икони. Стариот живопис е заманет со нов.

Поврзано Слатинска парохија Охридско архијерејско намесништво

Наводи

Оздолени