Преспанско-пелагониска епархија — една од 15-те епархии на Македонската православна црква. Формирана е со одлука на синодот во 1958 година и за нејзино седиште е избран градот Битола. При формирањето на МПЦ оваа епархија се нарекувала Охридско-битолска епархија. За архијереј бил избран епископот Климент, кој раководел до 1977 година . Во 1974 епархијата била преименувана во Преспанско-битолска и неа ја администрирале викарните епископи Методиј, Ангелариј и Горазд, а од 1979 митрополитот Гаврил. Во 1981 година на чело на Преспанско-битолската епархија бил поставен митрополитот Петар. Во 1994 година епархијата била преименувана во Преспанско-пелагониска со четири намесништва: Битолско, Прилепско, Ресенско и Крушевско-демирхисарско.Ратомир Грозданоски, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 2000. Епархијата има околу 300.000 верници, 600 цркви, манастири и капели, со 100 свештенослужители и 30 монаси и монахињи.
Епархијата ја поседува Митрополитската современа библиотека Св. Јован Богослов, чијшто вкупен книжен фонд се состои од над 10.000 книги. Таа, како издавачка куќа, досега има издадено најразлична богословска литература. Во состав на Епархијата работи Хуманитарната Организација „Самарјанин“ која истовремено е иницијатор и исполнувач на идејата за проектот „Трето дете – зголемување на наталитетот“. Оваа хуманитарна организација, со благослов и под покровителство на надлежниот архијереј, организира голем број хуманитарни изложби, приредби, аукции, со цел прибирање помош за штитениците на епархијата. Нејзина исклучително значајна активност е и народната кујна. Митрополити Македонска православна цркваКлимент Преспанско-битолски1959 - 1979Петар Преспанско-пелагониски1981 - денес
Викарни епископи Македонска православна цркваЈован Дремвицки1998 - 2000Климент Хераклејски2005 - денес
мини|десно|300п|Карта на епархиите во Македонија.
Намесништва и парохии Преспанско-пелагониската епархија има 4 архијерејски намесништва и 39 парохии.
Битолско архијерејско намесништво Прва битолска парохија Втора битолска парохија Трета битолска парохија Четврта битолска парохија Петта битолска парохија Шеста битолска парохија Беранечка парохија Бистричка парохија Буковска парохија Добрушевско-дедебалска парохија Ивањевска парохија Краварско-бачка парохија Лисолајска парохија Могилска парохија Новачка парохија Старавинска парохија Шеснаесетта приградска парохија Седумнаесетта приградска парохија
Прилепско архијерејско намесништво Прва прилепска парохија Втора прилепска парохија Обршанска парохија Варошка парохија Малокоњарска парохија Ропотовска парохија Тополчанска парохија Плетварско-беловодичка парохија Долненско-секиречка парохија Прилепско-витолишка парохија
Ресенско архијерејско намесништво Прва ресенска парохија Втора ресенска парохија Трета ресенска парохија Јанковска парохија Подмочанско-љубојнска парохија
Крушевско-демирхисарско намесништво Прва крушевска парохија Втора крушевска парохија Демирхисарска парохија Сопотничка парохија Слепчанска парохија Бучинска парохија
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место