Крстенце-Манастирче — населба од доцната антика во атарот на селото Радибуш, Македонија. Јужно од селото, помеѓу Радибушка и Германска Река, на мало ритче со зарамнето плато се наоѓаат остатоци - ѕидови од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и градежен материјал. Мештаните наоѓале и бронзени монети кои не се зачувани.
Поврзано Авлија — населба од доцноантичкото време; Селиште — населба од доцноантичкото време; Радибуш; и Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко.
Наводи
Категорија:Радибуш