Манастириште — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Псача. Претставува населба од доцноантичко време.
На 150 м јужно од Крива Река, на блага височинка што е пресечена со суводолица, селаните откриле повеќе темели од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и градежен материјал.
Поврзано Влашки Дол - населба од доцноантичкото време; Градиште - утврдена населба од доцноантичкото време; Долно Лозје - некропола од римското време; Манастириште - населба од доцноантичкото време; Ровине - населба и некропола од доцноантичкото време; Црквиште - старохристијанска базилика; Псача; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко.
Наводи