Успение на Пресвета Богородица“ (позната и како Света Богородица) — главна селска црква во битолското село Трново, Македонија.
Во црковниот двор на 30 јули се одржуваат средби на иселеници од Егејска Македонија и на оние во прекуоканските земји и Европа познати како Трновски средби.
Местоположба
Црквата е гробиштен храм, сместен во источниот дел на селото.
Историја
мини|300п|лево|Идејниот проект (горе) и почетокот на возобновата во 1926 г. Фото на Браќата Манаки
Според еден извор, изградена е во 1837 година, а според друг во 1854 година. За време на Првата светска војна на подрачјето се воделе жестоки битки и црквата била уништена. Вредниот иконостас е демонтиран од бугарски војници со намера да го однесат во Бугарија. Сепак, нивната намера не успеала и тој е подоцна откриен и пренесен во храмот „Св. Богородица“ во Битола.
Во 1926/1928 година, мештаните започнале со обнова на црквата со средства од воена оштета и доброволни прилози од Битолско. Обновата е завршена во 1934 година. Обновата во 1934 година била извршена од српскиот инженер Петар Карановиќ од Белград.
Во 1962 година доградена е и камбанаријата како подарок од Џон Спиро, битолски иселеник во САД.
Архитектура
Црквата има трикорабна градба со припрата на западната страна. Градбата е со задоволителна состојба со променет покрив и застаклена припрата.
Фрескоживопис
Новиот фрескоживопис бил изведен во три фази: олтарната апсида во 1938 година, останатиот олтарен простор во 1974 година и сводот во наосот во 1980 година. Живописот бил изведен од страна на битолчаните Симо Николиќ и Јосиф Бурник.
Икони и иконостас
Новиот иконостас е изработен од мијачкиот мајстор Нестор Алексиев Мирчевски од Гари со своите синови.
Галерија
Поврзано Битолско архијерејско намесништво Кукуречанска парохија Магарево
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Трново