Свети Никола — селска гробишна црква во прилепското село Крушеани, Македонија.
Црквата се наоѓа на влезот во селото Крушеани од насока на Обршани. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
Црквата се наоѓа на 1 километар јужно од селото Крушеани, крај патот за Обршани (Р2335).
Историја
Изградена во периодот од 1970 до 1976 година врз темели на старо црквиште откриено во 1950-тите од антропологот Јован Трифуноски. Осветена е на 25 јули 1976 година од митрополитот Ангелариј Пелагониски, подоцна поглавар на МПЦ.
Архитектура
Во архитектонски поглед, храмот претставува еднокорабна засводена градба, со влезен трем и полукружна апсида кон исток. Има и придружна трпезарија во црковниот двор.
Галерија
Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Втора кривогаштанска парохија Крушеани
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Крушеани Крушеани