Мишел Павловски е македонски театролог, книжевен критичар, научен истражувач и универзитетски професор.

Биографија

Мишел Павловски е редовен професор по културолошки студии на Институтот за македонска литература при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Неговото поле на истражување вклучува културолошки студии, студии за медиумите и студии за театарот. Кораководител на проектот „Македонска книжевна енциклопедија (автори и дела). Бил раководител и главен истражувач на проектот „Македонската литературна дата база“. Главен и одговорен уредник на меѓународното научно списание „Спектар“ (2010-2012). Еден од основачите и член на Редакцијата на меѓународното научно списание „Култура/Culture“. Работел како новинар и објавил околу 200 прилози од потесната специјалност во периодиката и дневниот печат.

Како член на Друштвото на писателите на Македонија бил член на претседателството на ДПМ и негов секретар за внатрешни активности. Членства во научни и други професионални асоцијации; IBS – International Brecht Society; STR – The Society for Theater Research и др.

Награди

Мишел Павловски е добитник на наградите:

„Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за книгата „Македонија: вчера и денес“ (заедно со Јован Павловски, 1997);

„Гоце Делчев“ колективната награда за наука за проектот „Театарот на македонска почва“ (2003)https://ukim.academia.edu/MishelPavlovski/CurriculumVitae.

Дела

• Од првична идеја до држава (заедно со Јован Павловски, 1993);

• Македонија: вчера и денес (заедно со Јован Павловски, 1996); мини|260x260пкс • Чиста игра – биомеханиката во режисерскиот систем на В. Е. Мејерхољд (1998);

• Театарот на македонска почва (соавтор) (2003);

• Театарот и митот – митопоетските елементи во современата македонска драматургија (2004);

• Тесписовите светови (2014)

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Членови на ДПМ