Петар Ацев — македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Животопис
Роден е во селото Ореовец, Прилепско. Завршил VI клас во Софија. Од 1897 до 1901 година е учител во Прилеп, Крушево и други места во Македонија. Заедно со браќата Мирче и Георги, тој се вклучил во револуционерната дејност на Македонската револуционерна организација. Во 1901 година, негов четник е Крсто Гермов, подоцна познат како Шаќир војвода. лево|мини|150п|Ацев во комитска облека На почетокот на 1902 година, тој станал нелегален, а од мај бил околиски војвода за Прилепско. Тогаш негов четник е и Атанас Иванов. Петар Ацев е претставник на Прилепскиот револуционерен реон на Смилевскиот конгрес, тој бил еден од главните противници за кревање на востанието. Како главна причина за таквиот став биле недоволната подготвеност и немањето на оружје во регионот.
Петар Ацев, заедно со Георги Поп Христов и Лазар Поп Трајков, бил избран за резервен член на Генерал штабот, составен од Даме Груев, Анастас Лозанчев и Борис Сарафов Николов Тома, Спомени от моето минало, глава 10-та, Изд. на Отеч. фронт, София, 1989..
По завршувањето на Илинденското востание бил избран за нелегален член на окружниот комитет, заедно со Павел Христов и Панде Кљашев, а за легални Милан Матов, Петар Нешев и Михаил Ракаџиев. Ацев водел неколку борби со отомански сили и четите на српската и грчката пропаганда во Македонија.
На 28 јуни 1904 година четите на војводите Петар Ацев и Никола Каранџулов воделе борбата со турски аскер кај село Селце, во која загинува Никола Карандџулов. Во 1905 година Трајко Кралев, Петар Ацев, Ѓуре Спирков и Крсто Гермов имале средба со српскиот ренегат Глигор Соколов, кој со фалсификувани документи ги убедувал да му дозволат да влезе во Македонија Аврамов, Стоян, „Революционни борби въ Азоть (Велешко) и Порѣчието“, стр.46.
Во 1907 година, тој учествувал во Битката на Ножот заедно со војводите Тане Николов, Иван Наумов, Михаил Чаков, Христо Цветков и Мирче Најдов.
На Ќустендилскиот конгрес Петар Ацев бил избран за дополнителен член на ЦК, заедно со Петко Пенчев, Павел Христов, Ефрем Чучков, Аргир Манасиев и Стамат Икономов 100 години от Кюстендилския конгрес на ВМОРО (1908 г.), Слави Славов.
По Младотурската револуција, тој излегол од илегала и се населил во Прилеп. Две години подоцна е уапсен и 15 месеци е носен низ разни затвори низ Македонија и Мала Азија. Бил ослободен во средината на 1911 година по што се населил во Пловдив, Бугарија.
Учествувал како доброволец во Балканските војни, а потоа и во Првата светска војна. Петар Ацев учествувал во Привременото претставништво на поранешната ВМРО, а подоцна бил член на Илинденската организација. Ранет е во текот на Горноџумајските случувања во септември 1924 година.
Починал во Пловдив во 1939 година.Енциклопедия България, том 1, Издателство на БАН, София, 1978, стр. 161.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 14.
Поврзано
Дончо Ацев Пара Ацева Мирче Ацев - Оровчанецот Георги Ацев Мирче Ацев Димче Ацев Менка Ацева Вера Ацева
Извори
Поврзано Мирче Ацев, војвода од Илинденскиот период Ѓорѓи Ацев, војвода од Илинденскиот период Мирче Ацев, македонски комунист и Народен херој на Македонија од Втората светска војна. Внук на војводата Мирче Ацев.
Категорија:Луѓе од Ореовец (Прилепско) Категорија:Родени во 1877 година Категорија:Починати во 1939 година Категорија:Ацеви Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Ацев, Петар Категорија:Македонски преселници во Пловдив Категорија:Македонски општественици Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Дејци на Привременото претставништво на поранешната Внатрешна организација