Свети Димитриј (позната и како Свети Димитрија) — главна селска црква во мариовското село Дуње, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во западниот крај на селото Дуње. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.
Историја
Според ктиторскиот натпис, храмот е подигнат и осветен од митрополитот Венедикт Византиски на 30 октомври 1864 година.
Архитектура
Градбата на црквата е еднокорабна. Црквата е во добра состојба. Се забележува само влага на ѕидовите во приземните партии.
Во поново време бил обновен покривот со ќерамиди и бил поставен под од мермерни плочи.
При градбата на црквата се користени антички архитектонски елементи.
Фрескоживопис
Црквата поседува фрескоживопис, кој е насликан во XX век.
Икони и иконостас
Внатре е зачуван оригиналниот преродбенички иконостас.
Галерија
Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Дуње
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Категорија:Храмови посветени на Свети Димитрија во Македонија