Габриела Стојаноска-Станоеска (1978, Прилеп) е македонска поетеса, драмска авторка, книжевна критичарка и есеистка.
Биографија Габриела Стојаноска-Станоеска дипломирала и магистрирала на Катедрата за oпшта и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 364. Работи како професор по македонски јазик, а истовремено, таа е главна и одговорна уредничка на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“, во издание на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Творештво Стојаноска-Станоеска пишува поезија, проза, драма, есеи и рецензии и објавува во повеќе печатени и електронски списанија. Застапена е со расказ во антологиите: Contemporary short story, BEST of Sarajevo Notebooks II., „Сто македонски раскази“ (Тренд, Феникс, Скопје), „Електролит 2007“ (Темплум, Скопје), „Приче за понети“ и „Најкраħе приче 2008“ (Алма, Белград), во малата антологија на современата македонска микрофикција „Летаат приказни“ (2019) и други. Исто така, три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 249-252.
Библиографија Стојаноска-Станоеска е авторка на следниве дела:Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 364. „Гола“ (Арлекин-ГФ, Прилеп, 2007) „Приказни за краткоста – раска(з)(ж)и за своја душа“ (Сигмапрес, Скопје, 2019) „Кусиот расказ и сонот“ (Сигмапрес, Скопје, 2018) „Драми (Трудници / Тајни)“ (Прилеп, 2020)
Награди Прва награда на конкурсот за краток расказ на „Студентски збор“; Две први награди на двата конкурса за краток-краток расказ на интернет порталот Окно; Откупна награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“; Трета награда на конкурсот за краток расказ на Фондот на холокаустот на Евреите на Македонија; „Македонска книжевна авангарда“;
Добитник е и на награди за раскази и песни на конкурсите на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ – Гостивар, Мариовско-мегленски средби, „Маџирмаалски поетски бранувања“, на конкурсите за краток расказ на Организација на жените – Битола и НУБ „Св. Климент Охридски – Битола“ и други.
Наводи
Категорија:Македонски писателки Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонски драматурзи Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Родени во 1978 година