мини|288x288пкс|Археолошки остатоци од градот Пела Трета македонска мерида ― автономна административно-политичка и економска област, формирана по паѓањето на Македонија под римска власт (168 г.пр.н.е.),со решение на римскиот сенат, кое им го соопштил на Македонците римскиот конзул Емилиј Павел, на собранието во Амфипол (167 г. пр. н.е.).

Ги зафаќала териториите помеѓу реката Аксиј (Вардар) и Пенеј, како и делови од Пајонија, западно од Аксиј. Главен град на областа бил Пела. Основни административни единици на областа биле градските општини (цивитатес), на чело со собрание, составено од претставници на општините.

Поврзано

Прва македонска мерида Втора македонска мерида Четврта македонска мерида Пела

Наводи