Свети Архангел Михаил — главна селска црква во мариовското село Кокре, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во непосредна близина на селото Кокре, на околу 100 метри источно од последните селски куќи. Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта.

Крај источната ограда на денешните гробишта, на површина од 100 м2 се пронајдени гробни конструкции од вертикално поставени камени плочи од постара некропола од средниот век. Гробовите прават редови со насоченост запад-исток.

Историја

Подигната е во 1866 година според ктиторскиот натпис во мала ниша на западната фасада.

Архитектура Фрескоживопис

Живописана е во 1884 година, што е наведено на натписот на јужниот ѕид, на кој се споменуваат и многу имиња на ктитори.

Галерија

Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Кокре

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Храмови посветени на Свети Архангел Михаил во Македонија