Св. Никола — црква на Прилепечкиот манастир кај прилепското село Прилепец, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е манастирска, сместена на околу 2 км југоисточно од селото. Изградена е во 1872 година. Претставува еднокорабна градба со полукружна апсида, расчленета на шест слепи ниши однадвор.
Слики
Поврзано Прилепечки манастир Прилепечко-витолишка парохија Прилепско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Прилепец