Марлен Дитрих (Marlene Dietrich; Берлин, 27 декември 1901 - Париз, 6 мај 1992) — германско - американска актерка , пејачка, и забавувачка. Родена е како Марија Магдалена Дитрих, а од 1912 го сменила името во Марлен, име што го добила со спојување на првите две имиња. Се смета за прва германска глумица која успеала во Холивуд. Била муза на режисерот Јозеф фон Штернберг.

За време на нејзината долготрајна кариера, Дитрих постојано се преобмислува себеси: започнала како пејачка во кабаре, хористка и филмска актерка во Берлин во текот 1920тите години за во наредната деценја да биде вистинска холивудска ѕвезда; потоа станала забавувачка на фронтовската линија за време на Втората светска војна и меѓународен сценски изведувач, за на крајот, конечно, да се претвори во култна икона на XX век.

Во 1920-тите во Берлин, Дитрих глумела во немите филмови. Нејзината изведба како Лола-Лола во Синиот Ангел (1930) ѝ донела интернационална слава и договор со студиото Парамонт Пикчрс. Дитрих била ѕвезда во холивудските филмови како на пример Мароко (1930), Шангај Експрес (1932) и Желба (1936). Таа успешно ја наметнала нејзината гламурозна личност и "егзотичен" изглед, и станала една од највисоко платените глумици на тоа време. Во текот на Втората светска војна, таа била забавувачка во САД од највисок ранг.

Дитрих била забележана за своите хуманитарни напори во текот на војната, згрижување германски и француски бегалци, обезбедување на финансиска поддршка, па дури и во застапување за нивното американско државјанство. За нејзината работа на подигнување на моралот на војниците на фронтот за време на војната, таа добила повеќе признанија од САД, Франција, Белгија и Израел. Иако по војната повремено снимала филмови, Дитрих поголемиот дел од времето во 1950-тите до 1970-тите години го поминала на турнеја низ светот како изведувачка во живо.

Американскиот филмски институт ја прогласил Дитрих за деветта најголема женска филмска ѕвезда на сите времиња.

Во 2002 година, таа посмртно станала почесен граѓанин на Берлин.

Животопис мини|Родната куќа на Дитрих (Leberstraße 65), Берлин, Германија

Детство Марлен Дитрих е родена на 27 декември 1901 во близина на Роте Инсел во Шенберг, денешна област на Берлин.Born as Maria Magdalena, not Marie Magdalene, according to Dietrich's biography by her daughter, Maria Riva (Riva 1993); however Dietrich's biography by Charlotte Chandler cites "Marie Magdalene" as her birth name (Chandler 2011, p. 12). Нејзината мајка, Вилхелмина Елизабета Џозефина (родена Фелсинг), била од богато берлинско семејството кое поседувало продавница за накит и фирма за изработка на часовници. Нејзиниот татко, Луис Ерик Ото Дитрих, бил полициски поручник. Дитрих имала една сестра, Елизабет, која била една година постара. Таткото на Дитрих починал во 1907 година. Неговиот најдобар пријател, Едуард фон Лош, аристократски прв поручник на гринадирите, се оженил со мајка ѝ во 1916 година, но тој набргу починал од повредите добиени за време на Првата светска војна. Фон Лош никогаш официјално не ги присвоил девојчињата, па презимето Дитрих никогаш не било фон Лош, како што понекогаш се тврдело."Marlene Dietrich (German-American actress and singer)" . Our Queer History.

Во семејството ја викале „Лена" и „Лене". На околу 11 годишна возраст, таа ги искомбинирала своите први две имиња за да го добие името „Марлен". Дитрих учела во женското училиште Аугуста-Викторија од 1907 до 1917 и дипломирала во школата Викторија-Луиза (денес Берлинска гимназија Гете-Вилмерсдорф) во 1918 година. Учела да свири виолина и како дете се интересирала за театар и поезија. Со повредата на рачниот зглоб ѝ се срушиле соништата да стане концертна виолинистка. Сепак, во 1922 година ја добила првата работа како виолинистка во оркестар за неми филмови во Берлинското кино каде по 4 недели добила отказ. мини|Марлен Дитрих во Синиот анѓел (1930)

Филмска кариера

Почетоци Нејзините најрани професионални настапи на сцена настапи биле со женското забавно кабаре на Гвидо Телшнер и ревиите на Рудолф Нелсон во Берлин. Во 1922 година, Дитрих се појавила на аудиција на драмската академија на Макс Рајнхарт но безуспешно. Сепак, таа наскоро започнала да работи во неговите театри, пеејќи и играјќи мали улоги во драмите. Отпрвин не привлекла посебно внимание. Нејзиното филмско деби било појавувањето во филмот Малиот Наполеон (1923).

Таа го сретнала нејзиниот иден сопруг, Рудолф Зибер, на снимањето на филмот Љубовна трагедија во 1923 година. Дитрих и Зибер стапиле во брак со граѓанска церемонија во Берлин на 17 мај 1923 година. Нејзиното единствено дете, ќерката Марија Елизабет Зибер, се родила на 13 декември 1924 година.

Дитрих продолжила да работи на сцена и на филм, како во Берлин така и во Виена, во текот на 1920-тите години. На сцената, играла најразлични улоги како во Пандорината кутија на Френк Ведекинд, Припитомувањето на итрицата и Сон на летната вечер на Вилијам Шекспир како и во Назад кон Метузалемот на Џорџ Бернард Шо. Во мјузиклиле и ревиите како оние во Бродвеј и Цвај Краватен, таа привлекла најмногу внимание. До крајот на 1920-тите години, Дитрих одиграла и улоги на екранот, вклучувајќи ги улогите во филмовите Кафе Електрик (1927), Бакнувам рака, мадам (1928) и Бродот на изгубените души (1929).

Во 1929 година, Дитрих се пробила глумејќи кабаретска пејачка во Синиот Ангел (1930), филм на Јозеф фон Штернберг.

Успехот во САД Во 1930 година, благодарение на меѓународниот успех на Синиот Ангел и со поттик и промоција од страна на Јозеф фон Штернберг, кој веќе бил успешен во Холивуд, Дитрих се преселила во САД потпишувајќи договор со Парамонт Пикчрс. Студиото се обидувало да ја наметне Дитрих како германски одговор на шведската сензација на Метро-Голдвин-Мајер, Грета Гарбо. Штернберг ја поздравил со подароци, вклучително и зелен Ролс-Ројс Фантом II. Автомобилот подоцна се појавил и во нивниот прв американски филм Мароко."The Ex-Marlene Dietrich, Multiple Best in Show Winning 1930 Rolls-Royce Phantom". Bonhams. мини|Гари Купер и Марлен Дитрих во Мароко. Дитрих настапила во шест филмови режирани од фон Штернберг во Парамонт помеѓу 1930 и 1935. Штернберг работел ефикасно со Дитрих за да се создаде слика на гламурозна и мистериозна заводничка.Тој ја охрабрувал да ја намали телесната тежина и интензивно ја подучувал да биде глумица. Таа доброволно ги следела препораките за кои голем број други изведувачи давале отпор.See e.g. Thomson (1975), p. 587: "He was not an easy man to be directed by. Many actors—notably [Emil] Jannings and William Powell—reacted violently to him. Dietrich adored him, and trusted him...." мини|Фотографија на Марлен Дитрих од насловната страна на списанието Њујорк Сандеј Њуз (1936) Во Мароко (1930), Дитрих повторно била ангажирана како кабаретска пејачка. Филмот најдобро е запаметен по сцената во која таа ја изведува песната облечена во машка бела вратоврска и бакнува друга жена, што било провокативно за тоа време. За филмот Дитрих ја добила нејзината единствена номинација за Оскар.

По Мароко следел филмот Обесчестена (1931), голем успех со улогата на Дитрих како шпионка налик на Мата Хари. Шангај Експрес (1932), кој бил наречен од страна на критичарите „Гранд Хотел на тркала", бил еден од филмовите на Штернберг и на Дитрих со најголема заработувачка. Дитрих и Штернберг повторно соработувале во романтичната драма Русокосата Венера (1932). Дитрих работела без Штернберг за првпат во три години во романтичната драма Песна над песните (1933), играјќи наивна германска селанка, во режија на Рубен Мамулијан. Последните два филма на Дитрих и Штернберг, Црвената царица (1934) и Ѓаволот е жена (1935) биле нивни филмови со најниска заработувачка.

Штернберг е познат по неговата исклучителна вештина на осветлување и фотографирање на Дитрих до оптимален ефект. Негов потпис била употребата на светлото и сенката, вклучително и влијанието на светлината преку превез или спуштени ролетни (како на пример во Шангај Експрес). Ова во комбинација со скрупулозното внимание за поставеноста на сцена и костимите филмовите што тие ги снимиле заедно ги прави едни од највизуелните стилски филмови во кинематографската историја.See, for example, Thomson (1975). The entry for Dietrich: "With him [von Sternberg] Dietrich made seven masterpieces [i.e. Blue Angel in Germany and the six in Hollywood], films that are still breathtakingly modern, which have no superior for their sense of artificiality suffused with emotion and which visually combine decadence and austerity, tenderness and cruelty, gaiety and despair." Критичарите сè уште енергично дебатираат колку од придонесот му припаѓал на Штернберг а колку на Дитрих но повеќето се согласни дека ниеден повторно не достигнал такви височини откако Парамонт го отпуштил Штернберг и тие двајца престанале да работат заедно. Таква соработка на глумица и режисер кои создале седум филмови уште е неспоредлива во кинематографската историја, со исклучок на Кетрин Хепберн и Џорџ Цукор, кои заедно снимиле десет филмови.Nightingale, Benedict (1 February 1979). "After Making Nine Films Together, Hepburn Can Practically Direct Cukor; Hepburn Helps Cukor Direct The Corn Is Green'" – via NYTimes.com.

Првиот филм на Дитрих по завршувањето на нејзиното партнерство со Штернберг бил филмот Желба (1936) на Френк Борзејги, комерцијален успех кој ѝ дал на Дитрих можност да се обиде да игра во романтична комедија. Нејзиниот следен проект, Сакав Војник (1936), завршил неславно кога филмот бил прекинат по неколку недели продукција заради проблеми со сценариото, конфузија во распоредот и одлуката на студиото да го отпушти режисерот, Ернст Љубич.

Екстравагантни понуди ја тргнале Дитрих од Парамонт за да го направи нејзиниот прв филм во боја, Градината на Алах (1936) за независниот продуцент Дејвид O.Селзник, за кој таа добила 200,000 долари, и за британската продукцијата на Александар Корда, Витез без оклоп (1937), со плата од 450,000 долари, со што таа станала една од најдобрите платени филмски ѕвезди. Иако и двата филма забележале добра заработка на благајните, нејзината популарност во јавноста била во опаѓање.

Додека била во Лондон, претставници на Нацистичката партија ѝ пришле на Дитрих и ѝ понудиле профитабилни договори, за да се врати во Германија како главна филмска ѕвезда на Третиот Рајх. Таа ја одбила нивната понуда и аплицирала за американско државјанство во 1937 година.Helm, Toby (24 June 2000). "Film star felt ashamed of Belsen link". The Daily Telegraph. Таа се вратила во Парамонт да го сними филмот Ангел (1937), уште една романтична комедија во режија на Ернст Љубич. Филмот бил лошо примен, што довело до тоа Парамонт да го откупи договорот со Дитрих.

Подоцна, иако Дитрих никогаш целосно не го повратила својот поранешен успех на екранот, таа продолжила со филмови, меѓу кои и некои со истакнати режисери како Алфред Хичкок, Фриц Ланг, Орсон Велс и Били Вајлдер. мини|Марлен Дитрих и Рита Хејворд послужуваат доручек на војници во холивудската кантина (1942)

Активност во Втората светска војна Кон крајот на 1930-тите, Дитрих заедно со Били Вајлдер и неколку други Германците, создале фонд за помош на Евреите и бегалците од Германија. Во 1937 година, целиот хонорар од филмот Витез без оклоп (450,000 долари) бил ставен за потребите на бегалците. Во 1939 година, таа станала американска државјанка и се откажала од своето германско државјанство.Flint, Peter B. (7 May 1992). "Marlene Dietrich, 90, Symbol of Glamour, Dies". The New York Times. Во декември 1941 година, со учеството на САД во Втората светска војна, Дитрих станала една од првите личности која сакала да помогне. Од јануари 1942 година до септември 1943 имала турнеи за поттик на моралот кај војниците и се појавила пред 250,000 војници на брегот на Тихиот Океан а потоа и на други места.