Грамаѓе — археолошко наоѓалиште во прилепското село Кален. Претставува населба и некропола од римско време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на 500 метри северно од селото, лево од патот за селото Кокре.
Опис
На наоѓалиштето се констатирани траги од некропола. Имено, најдени се фрагменти од мермерни плочи со релјефни претстави и натписи. Во околните ниви има фрагменти од керамички садови и грамади од кршен камен.
Поврзано Катун - населба од среден век; Маркови Кули – тврдина од доцноантичко време и среден век; Темник - некропола од хеленистичко време; Трпчева Црква - црква и населба од среден век; Св. Спас - осамени наоди од римско време; Црквиште – црква од старохристијснако време; Казан — населба од бронзеното време; Момирица — праисториска населба; Кален; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Кален