Кицбиел (, ) — средновековен град сместен на Кицбиелшките Алпи во Тирол, Австрија. Се наоѓа на околу 100 км источно од Инсбрук и е административен центар на областа Кицбиел. Кицбиел е скијачки центар со меѓународно реноме и неговата скијачка сезона трае од средината на октомври до почетокот на мај. Во текот на зимата и раната пролет најчесто е посетуван од клиентела од високата класа од Австрија и од странство.
Спорт Кицбиел е едно од најпознатите европски одморалишта за зимски спортови. На планината Ханенкам секоја година се одржуваат скијачки трки од Светскиот куп, меѓу кои е најпознатиот настан во купот, спустот на познатата патека Штрајф. Направена во 1937 година, Штрајф е свртена кон североисток е меѓу најтешките патеки на светот, и е озогласена по многуте несреќи. Од 27 февруари до 1 март 1959 година тука се одржало Австриското првенство во алпско скијање.
Секое лето во Кицбиел се одржува АТП тениски турнир на земјена подлога, Отвореното првенство на Австрија.
Збратимени градови Кицбиел е збратимен со:
Гринич во Конектикат, од 1961 Јамагата, Јапонија, од 1963 Сан Вали, Ајдахо, од 1967 Випитено, Италија, од 1971 Ријеј Малмезон, Франција, од 1979 Бад Зоден ам Таунус, Германија, од 1984
Галерија
Панорама
Поврзано Салцбург Салцбург - покраина
Наводи
Надворешни врски
Туристичка канцеларија Кицбиел Кицбиел - гигапикселна панорама (20.000 мегапиксели) Фото галерија на скијачките патеки во Кицбиел Бергбан Кицбиел - планинска железница Музеј Кицбиел - Алфонс Валде
Категорија:Статии со извори на германски (de) Категорија:Статии со микроформати hAudio Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Скијачки центри во Австрија