Еврејска невеста () ― слика од Рембрант, насликана околу 1665-1669 година.
Сликата го добила своето сегашно име на почетокот на 19 век, кога еден собирач на уметнички дела од Амстердам ја идентификувал темата како онаа на татко Евреин кој и подарил ѓердан на својата ќерка на денот на нејзината венчавка. Ова толкување повеќе не е прифатено, а идентитетот на двојката е неизвесен. Двосмисленоста е зголемена поради недостатокот на анегдотски контекст, оставајќи ја само средишната универзална тема, онаа на двојката кој е споен во љубовта.Bull, Duncan, et al., Rembrandt-Caravaggio, p.131. Rijksmuseum, Amsterdam, 2006. Шпекулативните предлози за идентитетот на двојката се движеле од синот на Рембрант, Титус и неговата невеста, или амстердамскиот поет Мигел де Бариос и неговата сопруга. Исто така, се разгледуваат неколку двојки од Стариот завет, вклучувајќи ги Авраам и Сара, Воз и Рут или Исак и Ревека, што е поддржано со цртеж на уметникот неколку години претходно.Bull, p. 131.
Додека техничките докази предложубваат дека Рембрант првично замислувал поголема и поелаборирана композиција, поставувањето на неговиот потпис долниот лев агол покажува дека неговите сегашни димензии не се значително различни од оние во моментот на неговото завршување.Bull, p. 132. Според животописецот на Рембрант, Кристофер Вајт, завршената композиција е „еден од најголемите изрази на нежното спојување на духовната и физичката љубов во историјата на сликарството“.White, Christopher, Rembrandt, p. 202. London, 1984.
Сликата се наоѓа во постојаната збирка на Државниот музеј во Амстердам.
Наводи
Дополнителна литература
Надворешни врски
Еврејска невеста во Државниот музеј во Амстердам. Портрет на двојка како Исак и Ревека, позната како Еврејска невеста во базата на податоци на ДБУД
Категорија:Слики од Рембрант Категорија:Уметнички слики од 1660-тите Категорија:Слики кои го прикажуваат Исак