Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Подрачно основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Али Коч; скратено: ПОУ „Крсте Петков Мисирков“) — неотворено подрачно основно училиште во селото Али Коч, составен дел на истоименото училиште во Радовиш, Општина Радовиш.

Училиштето е именувано по македонскиот јазичар Крсте Петков Мисирков.

Местоположба Училиштето се наоѓа на влезот од селото, непосредно на десната страна од патот.

Историја Објектот на училиштето бил изграден во 2015 година. Во 2019 година, учениците од селото ја бојкотирале наставата затоа што нивните родители барале училиштето да се отвори за да не мора да ги праќаат во соседното село Коџалија коешто е оддалечено 3 километри.М. С.. „Децата од радовишкото село Аликоч цел месец не одат во училиште“. Телма. 24 септември 2019.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Радовиш Али Коч Категорија:Али Коч