Фиш фест ( Fish fest Belgrade ) е гастрономска и туристичко-забавна манифестација кој се одржува од 2007 година на просторот кај Кулата Небојша во Белград.

За Фиш фестот Манифестацијата за прв пат била одржана во 2007 година. Првата манифестација започнала со парада. Учесниците се движеле по улицата Кнез Михајлова, па до Водона варош покрај Кулата Небојша. Таа е една од најголемите гастро-туристички манифестации која се одржува на река во Србија. Покрај организацијата на натпреварот, секоја вечер се одржуваат концерти на познатите музички групи, Ѓура и морнари, Гарави сокак, Апсолутно романтично.

Основачи Први основачи на манифестацијата било здружението Дунав во срцето, општина Стари град и рибниот ресторан Воденица, кои ја продолжиле оваа традицијата на одржување на оваа манифестација.

Учесници Во манифестацијата учетвуваат готвачи од земјата, како и од регионот: Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија. Тие подготвуваат средоземна храна, како и специјалитети од морска и речна риба. Готвачите на ресторанот „Воденица“ традиционално подготвуваат рибина чорба во казани од 100 литри. Се одржува и натпревар во готвење на најдобра рибина чорба за професионалци по повик, како и за млади готвачи.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Добра забава на Фиш Фест Отворен рибниот фестивал

Категорија:Култура на Стариот град (Белград) Категорија:Манифестации во Белград Категорија:Српски фестивали за храна