Александар (Алексо) Крстев Гиновски или Ѓиноски (1851 - 1894) — македонски иконописец, фотограф и копаничар, претставник на Дебарската школа. и брат на прочуениот преродбенички деец Панајот Гиновски. Творел заедно со своите браќа во Србија и Црна Гора.

Живот и дела Алексо е роден во реканската паланка Галичник како најмал син на зографот и копаничар Крсте Петров Гиновски.. Заедно со браќата Васил и Теофил се населил во Нови Пазар, Србија. Таму отворил фотографско ателје и станал првиот професионален фотограф во тој крај.

мини|250п|Икоонстасот во „Св. Никола“ во Нови Пазар, 1876 г. мини|250п|Ктиторскиот натпис од Будисавскиот манастир, дело на Васил и Алексо Гиновски, 1874 г. Во 1876 г. Васил, Теофил, Алексо и Панајот Гиновски го насликале иконостасот на црквата „Св. Никола“ во Нови Пазар (1871). Колективното авторство се потврдува во натпис на иконата на Исус Христос на владичкиот престол, кој вели дека во 1876 година за време на митрополитот Мелентиј Рашко-призренски е насликан иконостасот и архијерејскиот престол од „Браћа Кр. Даскаловићи Ђиноски од с. Галичника Нахје Дибарске“. Браќата Гиновски создале опширна програма икони. Иконостасот е замислен како висока триредна олтарна преграда со монументални димензии. Ова е и најобемното и најсложено ликовно дело на браќата, и една од најсложените олтарни предгради во српските цркви од XIX век. Се состои од 107 икони со нерамномерен квалитет; најуспешни се престолните икони и неколку старозаветни сцени на парапетни плочи.

Подоцна Теофил, Алексо и Васил со син му Миливој занимале за Црна Гора, при што Васил бил предводник на тајфата. Гиновци претставуваат најважните и најдоминантните иконописци на новото духовно сликарство на Црна Гора. Насликале вкупно 90 иконостаси, притоа покажувајќи висок уметнички и иконографски квалитет.

Алексо Гиновски починал во 1894 г.

Родословие

Наводи

Категорија:Македонски зографи Категорија:Македонски иконописци Категорија:Македонски фотографи Категорија:Претставници на Дебарската школа Категорија:Родени во 1851 година Категорија:Починати во 1894 година Категорија:Гиновски Категорија:Луѓе од Галичник