Клод Анри де Руврој, гроф Сен-Симон, познат како Анри де Сен-Симон (; 17 октомври 1760 – 19 мај 1825), бил политички, економски и општествен теоретичар и трговец од Франција, кој имал значајно влијание врз политиката, економијата, социологијата и филозофијата на науката.

Сен-Симон е творец на политичка и економска идеологија позната како сенсимонизам според која потребите на индустриската класа, која истовремено ја нарекувал и работничка класа, треба да бидат признаени и исполнети за да има успешно општество и ефикасна економија."Keith Taylor 1975. Pp. 158-161">Keith Taylor (ed, tr.). Henri de Saint Simon, 1760-1825: Selected writings on science, industry and social organization. New York, USA: Holmes and Meier Publishers, Inc, 1975. pp. 158–161. За разлика од концепциите во рамки на индустријализираните општества, каде за работничка класа биле сметани луѓето кои се занимаваат исклучиво со мануелна работа, Сенсимоновата концепција за оваа класа од доцниот XVIII век ги вклучувала сите оние кои се занимавале со продуктивна работа полезна за општеството, како трговци, управители, научници и банкари, покрај мануелните работници"Alan Ryan Pp 647-651">Alan Ryan. On Politics. Book II. 2012. pp. 647–651..

Сен-Симон сметал дека главната закана за потребите на индустриската класа била друга класа, која тој ја именувал како безработна класа, која ги вклучувала сите оние што претпочитале да паразитираат на трудот на другите, избегнувајќи да се занимаваат со работа самите "Keith Taylor 1975. Pp. 158-161". Сен-Симон ја нагласувал потребата за признавање на заслугите на поединецот и потребата од хиерархија на заслугите во општеството и економијата, како на пример, општеството да има хиерархиски поставени организации на менаџери и научници засновани на заслуги кои би ги носеле државните одлуки "Alan Ryan Pp 647-651. Сен-Симон силно го критикувал ширењето на сферите на интервенција на државата во економијата, надвор од отстранување на пречките за продуктивна работа, сметајќи ги овие интервенции за премногу наметливи .

Признавањето на социо-економскиот придонес на Сен-Симон, како и неговото просветителско валоризирање на научното знаење, набрзо го инспирирало и извршило влијание врз претставникот на утопискиот социјализам и либерализам, политичкиот теоретичар Џон Стјуарт Мил "Alan Ryan Pp 647-651", врз анархизмот преку негиовиот основач Пјер-Жозеф Прудон, кој бил инспириран од идеите на Сен-Симон "Rob Knowles 2013. P.342" и марксизмот, чии претставници Карл Маркс и Фридрих Енгелс го издвоиле Сен-Симон како инспирација за нивните идеи, сместувајќи го во групата на социјал-утописти. Идеите и учењата на Сен-Симон исто така оствариле влијание врз социологот и економист Торстен Веблен, вклучително и Вебленовата институционална економија застапувана од еминентни економисти.Vincent Mosco. The Political Economy of Communication. SAGE, 2009. p. 53.

Животопис

Детство и младост Анри де Сен-Симон е роден во Париз во аристократско семејство. Братучедот на неговиот дедо бил Гроф Сен-Симон. "Кога бил млад човек, со немирен темперамент ... отишол во Америка каде се придружил на војската и учествувал во опсадата на Јорктаун под водство на Генерал Вашингтон."Isaiah Berlin, Freedom and Its Betrayal, Princeton University Press, 2002, p. 109

Сен-Симон покажувал амбиција од млада возраст. На својот слуга му наредил секое утро да го буди со зборовите "Запомнете, господине грофе, дека ве очекуваат значајни работи."Busky, Donald F.: "Communism in History and Theory: From Utopian Socialism to the Fall of the Soviet Union" Меѓу неговите рани идеи спаѓа и онаа за поврзување на Атлантскиот и Тихиот Океан со канал, како и за конструкција на канал од Мадрид до морето.Manuel, Frank E.: "The Prophets of Paris", Harper & Row 1962

За време на Американската револуција, Сен-Симон им се придружил на Американците, верувајќи дека нивната револуција означува почеток на една нова ера. Се борел покрај Жилбер де Мотје, Маркиз Лафајет помеѓу 1779 и 1783 и бил заробен од француските сили. По неговото ослободување се вратил во Франција да студира инженерство и хидраулика на Екол де Мезиер.

На почетокот на Француската револуција во 1789, Сен-Симон веднаш ги поддржал идеалите за слобода, еднаквост, братство. Во првите години од револуцијата Сен-Симон се посветил на организирање на голема индустриска структура со цел да основа научна школа за напредокот. За остварување на овие цели му биле потребни ресурси, до кои доаѓал преку имотни шпекулации. Ова било можно само во првите револуционерни години, бидејќи растечката нестабилност и полтичката ситуација во Франција го спречиле да ги продолжи овие финансиски активности и да си го стави животот во опасност. Сен-Симон и Талиранд планирале да заработат за време на Јакобинската диктатура со план да ја купат катедралата Нотр Дам, да го отстранат нејзиниот метален кров кој и да го продадат како отпад. Сен-Симон бил уапсен под сомнение за вмешаност во контрареволуционерни активности. Бил ослободен во 1794 година со завршувањето на диктатурата на Јакобинците. По стекнувањето слобода, богатството на Сен-Симон нагло се зголемило поради депрецијација на валутата; но, набрзо потоа останал без ова богатство бидејќи било украдено од неговиот деловен партнер. Оттогаш Сен-Симон решава да се посвети на политички истражувања. По основањето на Политехничката школа во 1794, училиште за уметничко и научно образование поддржано од државата, Сен-Симон се вклучил во неговата работа.

Возрасно доба

На речиси 40-годишна возраст започнал повеќе експерименти и проучувања за да ги прошири и разјасни своите гледишта. Еден од овие ескперименти бил бракот со Софи Бар во 1801 година, во кој стапил за да може да има свој салон. По една година бракот бил завршен на обострана согласност. Резултатот од неговите експерименти била длабока сиромаштија и во беда го поминал остатокот од животот. Првото од неговите многу дела, главно научни и политички, било "Писмата на еден граѓанин на Женева", издадено во 1802 година. Во неговото прво дело, Сен Симон повикува на создавање на религија на науката со Исак Њутн како светец. Околу 1814 година го напишал есејот "За реконструкцијата на европската заедница" и го испратил до Виенскиот конгрес. Предложил создавање на европско крластво, со центар во Франција и Велика Британија.

Во 1817, во трактат наречен "Индустријата" започнал да ги пропагира своите социјалистички гледишта, го дополнително ги развил во "Организаторот" (1819), списание на кое соработувал со Жак Никола Огустен Тиери и Огист Конт. Една од клучните идеи на Сен-Симон била дека светот може да се поврзе преку канали.

Индустријата бил сензација, но му донел малку приврзаници. Неколку години подоцна Сен-Симон ќе се соочи со финансиска пропаст и ќе мора да работи за да преживее. По неколку обиди да си ги поврати изгубените пари од поранешниот партнер, финансиска поткрепа добил од Диар, поранешен вработен, па во 1807 година бил во можност да ја објави втората книга Вовед во научните работи од 19 век. Диар починал во 1810 година и Сен-Симон повторно паднал во сиромаштија, овој пат и со нарушено здравје. Во 1813 бил испратен во санаториум, но со финансиска поддршка од поширокото семејство добива можност да се опорави и да се стекне со извесно интелектиално признавање во Европа. Во февруари 1821 година ја издава За индустрискиот систем, а во 1823-1824 објавена е Катехизмот на индустријалците.

Смрт и влијание

На 9 март 1823 година, разочаран од отсуството на резултати од неговата работа (се надевал дека ќе го води општеството кон напредок), Сен-Симон пробал да се самоубие. Интересно е што и по шест испукани куршуми во пределот на главата останал жив, губејќи го единствено видот на едното око.

Конечно, многу доцна во кариерата успеал да се поврзе со неколку посветени ученици. Последниот и најважен израз на неговите идеи е Новото христијанство (1825), кое не успеал да го заврши.

Сен-Симон е погребан на гробиштата Пер Лашез во Париз, Франција.

Идеи

Индустријализам

Во 1817 Сен-Симон објавил манифест наречен Декларација на принципите во неговото дело Индустријата. Декларацијата се однесувала за принципите на идеологијата наречена индустријализам која повикувала на создавање на индустриско општество водено од индустриската класа. Индустриската класа, позната и како работничка класа, ги вклучувала сите луѓе вклучени во продуктивна дејност што придонесувала во општеството, посебно научниците и индустријалците, но вклучувајќи ги и инженерите, трговците, управителите, банкарите, мануелните работници и други.

Сен-Симон тврдел дека главната закана за потребите на индустриската класа била друга класа, што тој ја именувал како безработна класа, што вклучувала работоспособни лица кои претпочитале паразитски да егзистираат на трудот на другите, избегнувајќи каква било работа. Оваа паразитска склоност на безработните сметал дека потекнува од природната мрзливост на човекот. Верувал дека главната улога на државата во економијата е да обезбеди непречена продуктивност во економијата и да ја намали безработноста во општеството.

Во Декларацијата Сен-Симон силно го критикувал ширењето на интервенциите на државата во економијата надвор од овие две главни економски улоги, велејќи дека кога државата ги надминува овие улоги, прераснува во "тирански непријател на индустријата" и дека индустриската економија ќе опаѓа како резултат на прекумерната државна интервенција. Сен-Симон ја нагласувал потребата од признавање на заслугите на поединецот и потребата од хиерархија на заслуги во општеството и економијата, како создавање на хиерархиски организации засновани на заслугите на управители и научници кои би ги носеле државните одлуки. Неговите гледишта биле сметани за радикални за своето време. Се надоврзувал на идеи на Просветителството кои ги предизвикувале црковните доктрини и стариот режим со идеите за прогрес преку науката и индустријата.

Под влијание на отсуството на општествени привилегии што го посведочил во САД, Сен-Симон се откажал од својатаа аристократска титула и станал поддржувач на меритократијата, убеден дека науката е клучот кон прогресот и дека е возможно општеството да се развива врз основа на објективни научни принципи.Newman, Michael. (2005) Socialism: A Very Short Introduction, Oxford University Press, Сметал дека феудалниот поредок во Франција и на други места треба да се уништи и да се трансформира во индустриско општество.Murray E. G. Smith. Early Modern Social Theory: Selected Interpretive Readings. Toronto, Canada: Canadian Scholars Press, Inc, 1998. p. 80. Поради ова се смета за творец на концептот на индустриското општество.

Економските гледишта и идеи на Сен-Симон биле под силно влијание на Адам Смит, кој Сен-Симон длабоко го почитувал и за кого зборувал како за „бесмртниот Адам Смит“. Го споделувал гледиштето дека даноците треба да бидат што пониски за да постои пораведен индустриски систем. Сен-Симон го застапувал намалувањето на државната интервенција во економијата за да се спречи нарушувањето на продуктивната работа. Уште повеќе од Смит бил убеден дека државното управување со економијата е паразитско и непријателски насочено кон потребите за производство. Како и Адам Смит, моделот на идеалното општество на Сен-Симон ги еманирало научните методи на астрономијата. За ова тврдел: „Астрономите ги прифаќаат оние факти што се потврдени со набљудување; го избрале системот што најдобро ги поврзува и оттогаш, никогаш не ја довеле науката во заблуда“.Murray E. G. Smith. Early Modern Social Theory: Selected Interpretive Readings. Toronto, Canada: Canadian Scholars Press, Inc, 1998. pp. 80–81.