Дејан Антониќ (роден е на 22 јануари 1969 година) е српски фудбалски тренер и поранешен играч.
Тој е татко на фудбалерот Стефан Антониќ кој моментално настапува во клубот на Саутерн.
Почетна кариера Дејан Антониќ со професионален фудбал започнал да се занимава во локалниот клуб на Црвена ѕвезда од Белград.
Во 1987 година, Антониќ бил повикан да настапува во младинскиот тим на тогашна Југославија."Yugoslavia Squad in FIFA U-20 World Cup, Chile 1987" FIFA.com Младинскиот тим на Југославија ја освоил првата титула во финалето против тогашна Источна Германија, каде победиле на пенали. Таа генерација била наречена како југословенска „златна генерација “. Негови познати соиграчи од таа генерација биле: Роберт Јарни, Игор Штимац, Звонимир Бобан, Роберт Просинечки, Предраг Мијатовиќ и Давор Шукер. Подоцна Антониќ се приклучил на тимот на Црвена ѕвезда од Белград, но не настапил во лигата на ниту еден натпревар. Неговиот прв натпревар во Првата југословенска лига 1989–90 бил против тимот на ФК Спартак од Суботица.Yugoslav First and Second League stats at B92 Подоцна настапувал за ФК Напредак од Крушевац во Втората југословенска лига.Tempo almanah 1991/1992 page 42 Во 1995 година, ја напуштил Европа и се приклучил на клубот Персебаја ФК во државата Индонезија.
Кариера во Хонгконг
Како играч Инстант Дикт
Во 1998-1999 година, Антониќ му се приклучил на клубот од првата дивизија од Хонгконг, Инстант-Дикт ФК и играл повеќе на позицијата како дефанзивец отколку како играч од средниот ред. Неговиот прв натпревар бил полуфиналето против тимот на Јужна Кина во ФА Купот на Хонгконг. Тој бил вклучен во Хонгконг XI за да се натпреварува во Купот Карлсберг во 2003 година. Дејан постигнал гол од пенал на натпреварот против репрезентацијата на Данска во Карлсберг купот. Тој играл во одлична форма и во сезоната бил награден со наградата за „Најфер играч“. Неколку пати бил номиниран за наградите за фудбалер на Хонгконг. Во 2000-01, тој му помогнал на клубот Инстант-Дикт ФК да го освои ФА Купот на Хонгконг.
Сун Хеи Во почетокот на 2000 година се приклучил на тимот Сун Хеи и со овој клуб освоил три шампионски титули, вклучувајќи го и Хонгконг Сениор Челинџ Шилд, ФА Купот на Хонгконг и Лига Купот на Хонгконг .
Како тренер Антониќ бил носител на УЕФА Про лиценца. Тој бил назначен од клубот Кичи за главен тренер во 2005 година. Успешно го предводел тимот до два трофеи во лигата. Во неговата прва година на должност ги освоил Лига Купот на Хонгконг и Купот на сениорскиот штит на Хонгконг. Тој го предводел тимот во втората сезона кога го одбранил Лига Куп на Хонгконг во 2006 година. Антониќ го водел клубот на Кичи и во квалификациите за АФЦ Купот 2008 година.
Достигнувања со Кичи ФК
Победник на Лига Купот на Хонгконг 2005-2006 година; Победник на сениорскиот Шилд Куп 2005-2006 година; Победник на Лига Купот на Хонгконг 2006-2007 година; Кичи ги поминал квалификациите за Азиското фудбалско првенство 2008 година; Избран во Хонгконг „тренер на годината 2005-2006“; Го освоил второто место во Лигата на Хонгконг 2006-2007 година; Го освои второто место на сениорскиот Шилд Куп 2007-2008 година и Пријателски игри на Кичи ФК против:
- Шангај Шенхуа (Кичи бил победник на Канон Куп)
- Хонгконг селекција против Барселона, Антониќ бил избран за тренер на годината на Хонгконг во 2006 година, а исто така бил назначен да биде тренер на Лигата XI на Хонгконг за годишниот Куп на Карлсберг.
Откако го напуштил тимот Кичи, клубот на TSW Pegasus го назначил Антониќ за нов заменик тренер на тимот и стручнак за развој на млади таленти.
Антониќ бил назначен за тренер на државната репрезентација на Хонгконг како подготовка за квалификациите за Азискиот куп 2011 година. И со државната репрезентација на Хонгконг, тој го освоил 31-от Куп на Гуангдонг 2008 година. Тој бил номиниран за консултант на правниот екипа на фудбалскиот тим на Хонгконг.
Достигнувања со репрезентацијата на Хонгконг
Го освоил првото место на Купот Гуангдонг 2008 година Победил на натпреварот против Индија со 2:1 Победил на натпреварот против Макао со 9:1
Антониќ ја напуштил својата функција како главен тренер на Туен Мун во средината на сезоната 2011-12 во Хонгконг во Првата дивизија и му се приклучил на Арема ФК како главен тренер. Тренер на Арема ФК бил само 6 месеци. Тој бил изгласан од веб-страницата за фудбалски вести, Goal.com, за „Најдобар тренер 2011–2012“"The Best Coach of Indonesian Premier League 2011–2012" Goal.com. 28 July 2012. од страна на индонезиската Премиер лига. Ова признание го добил бидејќи со тимот на Арема ФК стигнал до четвртфиналето на АФЦ Купот 2012."The Serbian head tactician, Dejan Antonic, has successfully led Arema Indonesia to the quarter-finals of the AFC Cup for the first time in the club's history" Goal.com. 24 May 2012. Поради тоа целата нација била горда и среќна."Arema massive win over Navibank Saigon" Goal.com. 9 May 2012.
Достигнувања со Арема Индонезија ФК
Победил против Кичи ФК во нокаут фазата на АФЦ Купот 2012 година и стинал до четвртфиналната рунда Изгласан е за „Најдобар тренер на индонезиската Премиер лига 2011-2012“ Изгласан за „тренер на месецот“ (мај 2012) од страна на AФЦ
Откако го напуштил тимот на Арема ФК, Антониќ бел назначен за главен тренер на Про Дута ФК и продолжил со блескавата тренерска кариера.
Достигнувања со Про Дута ФК
Шампион на Индонезиската Премиер лига 2012-2013 Шампион на Суперкупот на индонезиската Премиер лига 2012-2013 Изгласан за „тренер на годината“ 2012-2013
По завршувањето на својот договор со Про Дута ФК, Антониќ потпишал двегодишен договор со Пелита Бандунг Раја на 20 ноември 2013 година. На 9 септември 2014 година, тој го продолжил договорот на две години до 2016 година.
Достигнувања со Пелита Бандунг Раја ФК
Изгласан за „тренер на месецот“ во февруари 2014 година; Изгласан за „тренер на месецот“ во август 2014 година; Изгласан за „тренер на месецот“ во октомври 2014 година; Изгласан за „тренер на годината“, индонезиска Супер лига 2014-2015 од страна на ПССИ; Изгласан за „тренер на годината“, индонезиска Супер лига од Гол.ком; Изгласан за „тренер на годината“, индонезиска Супер лига од EСПН; Пелита Бандунг Раја ФК беше избран за „Тим на годината, индонезиска Супер лига 2014-2015“и Пелита Бандунг Раја ФК е второпласираната во Купот на островот Бали 2014-2015.
Антониќ подоцна се приклучил на екипата Персиб Бандунг ФК откако го завршил успешно договорот со клубот на Пелита Бандунг Раја.
Достигнувања со Персиб Бандунг ФК
Го освоил второто место на Купот Бајангкара во 2016 година.
Антониќ на 31 октомври 2016 година, потпишал една година и половина договор со тимот на Јужна Кина како главен тренер. Клубот успеал да заврши на крајот на сезоната на 4-то место во лигата и стигнал до финалето на ФА Купот на Хонгконг 2016-17. По одлуката на клубот на Јужна Кина за доброволно раскинување на договорите, целиот стручен штаб, па и Антониќ го напуштиле тимот.
На 4 јули 2017 година, директорот на екипата Хонгконг Ренџерс, Филип Ли објавил дека Антониќ ќе биде новиот тренер на клубот. Тука останал една година.
На 28 март 2018 година, клубот на Борнео објавил дека Антониќ ќе биде нов главен тренер на клубот откако го отпуштил нивниот претходен тренер.
По завршувањето на договорот со клубот на Борнео ФК, Антониќ потпишал нов договор со екипата на Мадура Јунајтед ФК.
Достигнувања со Мадура Јунајтед ФК
Избран е за најдобар тренер две недели по ред
Приватен живот Антониќ се оженил со својата вереница од Индонезија, Вена Тикоалу. Вена и Дејан го добиле синот Стефан на 6 февруари 2001 година. Синот им се родил во Хонгконг.
Антониќ имал уште една постара ќерка која живее и студира во Србија.
Репрезентацијата на Хонгконг под раководство на тренерите Дејан Антониќ и Горан Паулиќ
Меѓународни натпревари на Хонгконг # Датум Тип на натпревар Локација Противник Резултат 1 19 ноември 2008 година Пријателски Макао 9–1 2 14 јануари 2009 година Пријателски Хонгконг 2–1 3 21 јануари 2009 година Квалификации за Азискиот куп на АФЦ 2011 година Хонгконг 1–3 4 28 јануари 2009 година Квалификации за Азискиот куп на АФЦ 2011 година Сана, Јемен 0–1
Домашни натпревари на Хонгконг # Датум Тип на натпревар Локација Противник Резултат 1 1 јануари 2009 година Купот на Гуангдонг-Хонгконг 2009 година Гуангжу, КинаГуангдонг 1–3 2 4 јануари 2009 година Купот на Гуангдонг-Хонгконг 2009 година ХонгконгГуангдонг 4–1
Признанија
Играч Сун Хеи
Освоен е ФА Куп на Хонгконг: 2002–03 Освоен е Лига куп на Хонгконг: 2002–03
Југославија У-20 (младинско)
Победник на Светско младинско првенство на ФИФА во Чиле: 1987 година
Тренер Кичи ФК
Освоен е Хонгконг Сениор Шилд: 2005–06 Освоен е Лига куп на Хонгконг: 2005–06, 2006–07
ПСС Слеман
Менпора Куп трето место: 2021 година
Наводи
Надворешни врски GoalGoalGoal.com Официјална веб-страница на TSW Pegasus FC Официјална веб-страница на Kitchee SC Тимови на шампиони на Светскиот младински куп 1977–2005 FIFA.com Дејан Антониќ на 11v11.com
Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Српски фудбалски тренери Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1968 година Категорија:Статии со текст на традиционален кинески