Рашки Управен Округ — округ во југозападниот дел на Република Србија. Вклучува два града и три општини. Има вкупно население од 309.258 (Попис 2011 година). Седиштето на округот е во градот Краљево.
Во околината на Краљево се наоѓа „мајката на сите цркви“ - манастирот Жича. Овој духовен центар на српската средновековна држава е изграден околу 1220 година кога манастирот Жича станал центар на новооснованата српска архиепископија.
Манастирот Студеница бил изграден кон крајот на 12 век, како задужбина на Стефан Немања, кој богато го опремил со икони и книги. Кога се замонашил и отишол во Хиландар, за манастирот се грижел неговиот постар син Стефан, подоцна наречен Првовенчани.
Недалеку од Нови Пазар се наоѓа манастирот Сопоќани, изграден како здужбина на кралот Стефан Урош I, син на кралот Стефан Првовенчани. Сопоќани е изграден околу 1260 година. Основна и најголема вредност на Сопоќани се фреските, според кои овој манастир е еден од најдобрите примери на европското средновековно сликарство.
Административна поделба Рашкиот Округ опфаќа два града и три општини. Име Грб Жители (2011) Град Краљево50п 125.488 Град Нови Пазар50п 100.410 Општина Врњачка Бања50п 27.527 Општина Рашка50п 24.678 Општина Тутин50п 31.155
Демографија мини|Територијална поделба на Рашкиот Округ Според последниот официјален попис спроведен во 2011 година, Рашкиот Округ брои 309.258 жители. 53,2% од населението живее во урбани средини. Етничкиот состав на округот е даден во следната табела: Етничка група Жители Срби 188.208 Бошњаци 105.488 Муслимани 5.255 Ромит 2.435 Црногорци 740 Горанци 334 Македонци 289 Албанци 267 Хрвати 215 Југословени 214 Други 5.813 Во целост 309.258
Поврзано
Рашка
Наводи
Надворешни врски
Рашки управни округ
Категорија:Управни окрузи во Србија