мини|Родан од с. Галичник во Музејот на Македонија мини|354x354пкс|Родан мини|354x354пкс| Помодерен родан од 19 век десно|мини|250x250пкс| Првичен изглед на родан Родан или чекрек — стара дрвена направа за предење (претворање на влакна од волна, лен, коноп и памук во нишка предено), заменувајќи го претходниот метод на предење со фурка и вретено.
Особини Најстарата верзија на родан била многу едноставна, таа во основа била прицврстено дрвено колце, кое полека се вртело со десната рака, додека левата ги одмотувала нишките влакна од фурката, која исто така е вертикално прицврстена на истата подлога. Нишките од колцето на крајот се намотани на вретено.
Иако не бил совршен, ваквиот родан овозможил механичко забрзување на постапката на предење, бидејќи со помош на колцето се добивала порамномерна преѓа.
Историја Роданот најверојатно бил развиен во Индија, иако не се знае точно каде, бидејќи неговите корени се матни. Во Европа стигнал преку Блискиот Исток во текот на средниот век.
Првиот родан бил документиран во Венеција во 1224 година, потоа во Болоња во 1256 година, а потоа во Париз во 1268 година и германскиот Шпајер во 1280 година.
На почетокот на 16 век, роданот во Европа бил унапреден, когаму било додадено саксонско тркало со педала, така што оттогаш колцето можело да се врти побрзо со нога, а не со рака која била слободна за други активности. Друга иновација во саксото колце била макарата наместо вретеното на која постојано се намотувала нишките на преденото.
Значителното подобрување на разбојот, што се случило во Велика Британија во текот на 18 век., предизвикало побарувачка за побрзо механичко предење, а потоа биле направени цела низа пронајдоци кои го претвориле роданот во една од првите машини на индустриската револуција.
И покрај тоа што роданот брзо се проширил во Европа, целосно не го истиснал рачното предење, во Југославија почнал да се применува во првите децении на 20 век.
Наводи
Надворешни врски
Spinning wheel на порталот Encyclopædia Britannica
Категорија:Индиски пронајдоци Категорија:Машини Категорија:Рачен алат