alt=Distique sur un des côtés du bâtiment des dortoirs de Saint-Joseph de Reims|мини|Двостих на една од страните на зградата со спалните на Сен-Жозеф во Ремс Двостих или дистих (старогрчки: δίστιχον) или куплет () — книжевен поим што значи строфа составена од два стиха. Најчесто двата стиха се римуваат (со машка, женска или дактилна рима). Двостихот изразува релативно целосна мисла. Можни се и двостихови, во кои стиховите не се римуваат еден со друг, туку со соседната строфа, но ова е практично варијанта на катренот.
Во старогрчката и римската поезија се користел елегискиот стих - посебен вид двостих, во кој првиот стих е напишан со хексаметар (шест стапки), а вториот - со пентаметар (пет стапки). Се јавува во пишување елегии, епитафи и епиграми. Слого-тоничниот стих доведува до промени: на местото на долгите слогови тие се ставаат нагласени, а на местото на кратките - ненагласени. Двостихот се среќава во поезијата на сите народи.
Во европската поезија, елегискиот стих го користат Гете, Шилер, Пушкин и многу други. Двостихот е особено погоден за минијатурни литературни жанрови (епиграми, афоризми, епитафи). Се користи и во наративна, реминисцентна и рационална поезија.
Примери Македонска народна песна „Вино пијам ем ракија“:
Вино пијам, ем ракија Коња јавам, аџамија.
Коњ ме шета горе-доле, Горе-доле низ тоа поле.
Ме однесе в ладна меана, Во меана до три моми.
Прва точи, другата носи, А третата мене ме гледа.
Па ја качив на коњчето, Ја однесов право дома.
Наводи
Категорија:Стихотворство Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ