Фредерик Францишек Шопен (, ; 1 март 1810Некои извори го посочуваат 22 февруари како датум на раѓање; видете Живот за поподробно., Желазова Вола – 17 октомври 1849, Париз) — полскиKennedy, Michael. Oxford Concise Dictionary of Music, Oxford, 2004, Четврто здание., стр. 141. композитор за пијано од добата на романтизмот. Се смета за еден од најголемите композитори за пијано на сите времиња.
Роден е во селото Желазова Вола во Варшавското Војводство. Мајка му била Полјачка, а татко му француски иселеник. Во татковината го сметале за чудо од дете, но тој ја напуштил Полска на 20-годишна возраст и никогаш повеќе не се вратил. Подоцна во Париз создал кариера како изведувач, учител и композитор и ја прифатил француската варијанта на неговото име „Фредерик-Франсоа“. Од 1837 до 1847 година бил во бурна врска со француската писателка Жорж Санд. Секогаш бил со нежно и нарушено здравје, па на 39-годишна возраст се разболел од туберкулоза.
Сите Шопенови дела се за пијано (претежно соло), и се смета дека тие му припаѓаат на врвот на репертоарот за пијано. Иако неговата музика се смета за мошне тешка за свирење, неговиот стил дава нагласок на нијанси и експресивна длабочина, а не само на техничката виртуозност. Тој има измислено некои музички форми како баладата,Scholes, Percy (1938), The Oxford Companion to Music. Article Ballade. но неговите најзначајни иновации лежат во рамките на постоечките структури како сонатата за пијано, валцерот, ноктурното, етидата, импромптуто и прелудиумот. Покрај ова, Шопен бил првиот западен композитор кој го има користено словенскиот фолклор во своите композиции; така и до денес неговите мазурки и полонези се камен темелник на полската национална класична музика.
Животопис Шопен се родил во Желазова Вола близу Сохачев во регионот Мазовија, дел од Варшавското Војводство. Татко му бил Миколај (Никола) Шопен, Французин со далечно полско потекло од Лотарингија кој се преселил во Полска во 1787 година. Миколај се оженил за жена од висока класа, но осиромашено семејство, по име Текла Јустина Крзижановска.
Според неговото семејство, Шопен е роден на 1 март 1810 г. Нема пронајдено извод од матична книга на родените. На неговата крштелница пак, стои дека е роден на 22 февруари 1810 г., но ова најверојатно е грешка на свештеникот.
Детство и младост thumb|left|Родната куќа на Шопен во Желазова Вола
Во октомври 1810 година, кога Фредерик имал осум месеци, семејството се преселило во Варшава, каде татко му станал учител по француски јазик во училиште во Саксонскиот дворец. Живееле понастрана во рамките на дворецот.
Малиот Шопен за првпат почнал да учи пијано кај неговата постара сестра Лудвика, а подоцна таа задача ја презела мајка му. Неговиот талент бил очигледен уште од многу мали нозе, па во Варшава почнале да го сметаат за „вториот Моцарт“. На седумгодишна возраст искомпонирал полонези (ге-мол и ха-дур), од кои првата била издадена во гравурната печатница на отецот Цибулски, директор на Училиштето за оргулари и еден од малкуте музички издавачи во Полска. thumb|180px|Јозеф Елснер Чудото кое било Шопен почнало да излегува по варшавските весници, па „малиот Шопен“ станал атракција на приемите по аристократските салони. Почнал да приредува и јавни добротворни концерти. Се вели дека еднаш бил запрашан што мисли дека на публиката најмногу ѝ се допаднало; на тоа седумгодишниот Шопен одговорил: „Мојата јака“. За првпат јавно излегол како пијанист на 8-годишна возраст.
Првите професионални часови по пијано ги добил во периодот 1816–1822 од Војтжех Живни. Подоцна Шопен за Живни зборувал со почит и високо мислење, иако самиот тој како дете набргу го надминал учителот. Подоцнежниот развој на Шопеновиот талент бил под надзор на Вилхелм Вирфел. Часовите кај овој прочуен пијанист и професор на Варшавскиот конзерваториум биле непостојани, но од големо значење за Шопеновите способности на орган, а можеби и пијано. Од 1823 до 1826 година Шопен учел на Варшавскиот лицеј, училиштето каде предавал татко му.
Есента 1826 година, Шопен почнал да студира теорија на музиката, генералбас и компонирање во класата на композиторот Јозеф Елснер во Варшавскиот конзерваториум. Контактот со него може да датира уште од 1822 година, и сигурно е дека од 1823 година, Шопен почнал да добива формални часови од него. Го завршил тригодишното образование на конзерваториумот во 1829 година.
Истата година во Варшава, Шопен присуствувал на изведба на Николо Паганини, а го запознал и германскиот композитор Јохан Непомук Хумел. Исто така во 1829 година Шопен ја запознал својата прва љубов, студентката по солфеж Констанција Гладковска. Ова го инспирирало композиторот да стави пеење во своите дела.
Во август 1829 година, три недели по заминувањето од Варшавскиот конзерваториум, Шопен направил брилијантно деби во Виена. За неговите две изведби на пијано добил многу пофални критики, заедно со другите кои го критикувале заради малиот тон со кој свирел на пијаното.
Во декември 1829 година во Варшава премиерно го извел неговиот Концерт за пијано во еф-мол во Трговскиот клуб. На 17 март 1830 г. го извел и вториот пијано концерт во е-мол во Националниот театар.
На 2 ноември 1830 година, Шопен ја напуштил Варшава за да дава концерти во странство, по што никогаш не се вратил во Полска. На крајот на месецот избило Ноемвриското востание, па неговиот сопатник Титус Војќеховски се вратил во татковината за да учествува. Шопен останал во Виена, измачуван од грижи за неговите љубени, па потоа ги посетил Минхен и Штутгарт (каде дознал дека Полска е окупирана од руската војска, и дошол во Париз во септември 1831 г. Тој веќе имал искомпонирано повеќе важни дела, меѓу кои двата концерта за пијано и извесни Етиди Оп. 10.
Почеток на независна композиторска кариера Периодот помеѓу 1829–1831 година за Шопен биле период на неговата прва љубов (пејачката Констанца Гладковска) и првите големи композиторски успеси. Во писмото до неговиот пријател Титус Војчеховски, Шопен ја нарекол Констанца - идеал. Тогаш ги создал Концертите за пијано во Ф-мол, Оп. 21 и е-мол, оп. 11.
Во јули 1829 година, веднаш по дипломирањето, Фридерик Шопен и неговите пријатели отишле на патување во Виена. Благодарение на Вилхелм Вирфел, кој го вовел во музичката свет. Има настапувано двапати во Theatre am Kärntnertor; за прв пат ги свирел Варијации во Б-дур, вториот пат покрај Варијациите свирел и Rondo à la Krakowiak. Двата настапи имаале одличен успех кај публиката. Дури и критичарите, и покрај резервираноста за неговото свирење, ја препознаа иновативноста во неговите композиции. Добриот прием на композициите на концертите го олеснил контактот со издавачите: па така во април 1830 година во Австрија, за прв пат во странство, во печатена верзија во издавачката куќа на Тобијас Хаслингер се појави отсвирената Варијации оп. 2.
Во јули 1830 година, уметникот поминал една недела во Потурзин, во регионот Челм, со Титус Војчеховски. Можно е тој да го донел во Потурзин првото издание на Варијации во Б-дур, посветено на неговиот пријател, напишано на моцартовска тема од Дон Џовани, „La ci darem la mano“. Тој, исто двократно гостувал во Стара Виеш, каде што свирел на пијано Pleyel
На 2 ноември 1830 година, Шопен заминува од Варшава за Калиш, збогувајќи се со пријателите и колегите од класата по композиција на Варшавскиот конзерваториум, кои во придружба на гитара му ја отпеале Роден во Полска земја, компонирана од Лудвик Адам Дмушевски по мелодијата на Јозеф Елснер Piotr Mysłakowski: Warszawa Chopinów. Warszawa: Narodowy Instytut Fryderyka Chopina, 2012, s. 169–170, 172. ISBN 978-83-61142-80-5.
Пред да замине, тој се простил со Констанца Гладковска и ѝ го подарил прстенот, кој таа го чувала до крајот на животот. Во Калиш, каде што пристигнал на 3 ноември и каде што му се придружил Титус Војчеховски, Шопен ги поминал последните три дена во својата татковина.
На 5 ноември 1830 година, Шопен засекогаш ја напуштил Полска: го напуштил Калиш и отпатувал преку Вроцлав до Дрезден. Во Виена, тој ја слушнал каватаната на Росини што ја пеела Констанца и се расплакал. Потоа заминува зо Минхен и на крајот пристигнува во Париз. Попатно, Шопен напишал дневник (познат како „Дневник на Штутгарт“), покажувајќи ја неговата ментална состојба за време на престојот во Штутгарт, каде што бил во очај поради падот на Ноемвриското востание. Тогаш биле создадени првите скици за „Револуционерната етида“ . Делата од овој период се исполнети со драма, која полека почнува да доминира во опусот на композиторот.
Години на зрелост Во Париз, на 5 октомври 1831 година Шопен првично се вселил во мал стан на булеварот Поасониер. На 25 февруари 1832 година, во салонот Плејел на улица Кадет 9, тој го одржал првиот од деветнаесетте јавни концерти во Париз (за време на неговите 18 години во Париз). Организиран од страна на Фридрих Калкбренер, пијанист. Шопен свирел Концерт во е-мол и Варијации во б-дур. По концертот публиката билавчудоневидена, вклучувајќи го и присутниот Франц Лист. Критичарот Франсоа Фетис најавил дека Шопен ќе ја оживее музиката за пијано. Следниот ден, издавачите му испратиле понуди за купување на делата. Шопен почнал да води живот на виртуоз, компонирајќи дела кои брзо станувале модерни во салоните. Тој бил пријател со многу извонредни музичари (Лист, Винченцо Белини, Хектор Берлиоз), бил покануван на приватни настапи не како музичар, туку како гостин, дури и во самиот замокот. Така, тој брзо се преселил во Chaussée d'Antin, модерен кварт во Париз. Пријателите го нарекувале неговиот стан ,Олимп, поради божествената музика што се слушала од таму. Меѓутоа, поради тешката финансиска состојба, Шопен почнал да дава се повеќе часови по пијано. Меѓу другите, ги подучувал: принцезата Де Ноај, принцезата де Шимај и де Бово, бароницата Ротшилд, грофицата Перуци и Поточка. Меѓу учениците имало и големи таленти, како: Каролина Хартман, Карол Филч и верниот пријател на Шопен, Адолф Гутман. Шопен како учител бил познат по своите високи барања и нервоза.
Во периодот 1835–1846 година ја напуштил својата кариера како виртуоз во корист на компонирањето. Тој започнал да се интересира со животот на полските емигранти, одржувајќи блиски контакти со главните полски интелектуалци (Адам Мицкевич, Јулијан Урсин Ниемчевиќ, Кипријан Камил Норвид). Јозеф Бем побарал од него аванс за новото Полско Инженерско Здружение во Париз, кое композиторот го поддржал финансиски . Шопен, исто така, бил домаќин на неговиот најблизок пријател од детството, Јан Матушински, кој, живеејќи со Фредерик, студирал медицина во Париз (починал од туберкулоза во 1842 година). Често во посета кај Шопен доаѓал добриот пријател, познатиот пијанист и композитор, Џулијан Фонтана.
Во 1836 година, прв пат воедно и единствен, се верил со Марија Воџињска, која била талентирана во музиката и сликањето. Грофицата Тереза Воџинска, мајката на Марија, тогаш почнала да го нарекува Шопен свое дете. Во знак на благодарност за подарената композициите од Марија, тој го испраќа валцерот во Ас-дур и некои од неговите познати песни. На крајот, сепак, семејството се спротивставило на врската, верувајќи дека Шопен е премногу болен кандидат за сопруг и веридбата била прекината . Во 1836 година тој сериозно се разболел од туберкулоза (неодамна се појави мислење, дека причина за смртта на композиторот не е туберкулоза, туку генетска болест со надворешни симптоми многу слични на туберкулоза - цистична фиброза).
Париз мини|десно|270п|Споменикот на Шопен во Желазова Вола, дело на вајарот Јозеф Гославски