мини|275x275пкс|Бркиќ во 2012 година Младен Бркиќ (српска кирилица: Младен Бркић; роден на 30 октомври 1980 година) е професионален српски фудбалер кој игра на позицијата како напаѓач.
Клупска кариера
Аполонија Фиер Бркиќ за прв пат се претставил во првенството на Република Албанија во сезоната 2008-09 каде постигнал 9 гола на 30 натпревари со тимот на Аполонија Фиер. Тој успеал да се подобри во текот на следната сезона, постигнувајќи 15 гола на 30 натпревари, пропуштајќи ја „Златната копачка“ на Даниел Џафа за само 3 гола. Во јануари 2010 година бил именуван за нов капитен на тимот.
Бркиќ бил позајмен на тимот на Динамо од Тирана за учество на клубот во Лигата на Европа на УЕФА. Бркиќ играл за новиот тим на првиот натпревар од првото квалификациско коло против екипата на ФК Лахти. Овој натпревар завршил со резултат од 4:1 за финската екипа.
Скендербег Корча На 14 август 2010 година, Бркиќ потпишал со екипата на Скендербег од Корча едногодишен договор вреден 50.000 евра. Тој постигнал гол на пријателски натпревар само четири дена подоцна против екипата на Поградеци. Својот прв хет-трик (три голови на еден натпревар) во албанската Суперлига го постигнал на 24 октомври 2010 година во победата со 5:1 на домашен терен над тимот на Кастриоти од Крује во осмото коло од првенството. По овој подвиг следеле погодоци против Динамо од Тирана и Беса од Каваја со што бројот на реализации достигнал 7 гола. Првиот дел од сезоната го завршил како најдобар стрелец на тимот на Скендербег со вкупно 8 гола од 16 натпревари. Дополнителниот еден гол бил постигнат во натпревар од Купот на Албанија. Бркиќ заминал од клубот во месец јануари.
Динамо Тирана (како позајмен играч) Во јануари 2011 година Бркиќ се приклучил како позајмен играч на тимот на Динамо од Тирана, враќајќи се во главниот град по две и пол години. Како дел од трансферот, во спротивен правец заминал албанскиот играч за врска Ѓерѓи Музака.
Фљамуртари Валона Бркиќ ги договорил личните услови и преминал во клубот на Фљамуртари на 15 септември 2011 година со потпишан едногодишен договор. Неговата играчка магија во Црвено - Црните била краткотрајна, бидејќи не постигнал голови на цели 10 лигашки натпревари. По долг период, тој сепак постигнал еден гол за клубот во куп натпревар против нисколигашкиот противник Билиш Спорт. Во првите денови од месец јануари Бркиќ го напуштил клубот со раскинување на договорот.
Залаегерцег ТЕ На 15 март 2012 година, по три месеци како слободен играч, Бркиќ ја напуштил Албанија и се приклучил на тимот на Залаегерцег ТЕ од првата унгарска лига Немзети Бајноксаг I. Потпишал договор до крајот на сезоната 2011-12 и го носел дресот со бројот 11. Бркиќ само по два дена од потпишувањето на договорот подоцна влегол во игра како замена во последните минути од нерешениот натпревар против тимот на Шомбатели Халадас. Резултатот бил 1:1. Неговиот прв постигнат гол за клубот бил на вториот натпревар на 24 март против екипата на Вашаш СЦ, постигнувајќи погодок со удар во 76 минута. Со овој гол неговиот тим имал моментално водство, но сепак на крајот екипата била победена со резултат од 3:2. Овој натпревар се играл на стадионот Иловски Рудолф. Бркиќ ја завршил својата кратка сезона во Унгарија со 8 настапи и постигнувајќи еден гол. На крајот на сезоната клубот на Залаегерцег ТЕ испаднал во Втората фудбалска лига на Унгарија откако завршил на последното место во првенството.
Лачи Бркиќ на 29 август 2013 година направил трансфер во албанската суперлига во тимот на Лачи, враќајќи се во Албанија по цели две сезони. Својот прв натпревар го имал на 14 септември во првото коло од новата сезона против екипата на Партизани од Тирана, при што имал завидна улога со асистенција за единствениот гол. Подоцна тимот на Лачи го победил натпреварот, а Бркиќ бил заменет со резервен играч. Тој постигнал гол на 6 ноември во куп-натпреварот против екипата на Елбасан, од пенал. Екипата на Лачи победила на тој натпревар со резултат од 2:0. Неговиот прв лигашки гол бил постигнат три дена подоцна кога неговата екипа победила со резултат од 0:2 против екипата на Кастриоти од Круја. Бркиќ го напуштил клубот 14 април следната година поради неговите лоши игри во текот на целата сезона. Во таа сезона тој постигнал само 4 гола во вкупно 25 лигашки натпревари.
Статистика во кариерата
+Клупска статистикаКлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариЕвропски натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиГмунден2007–08Венер Стадлига7000—702008–097000—70Вкупно140—140Аполониа Фиер2008–09Албанска Суперлига30921—32102009–10301500—3015Вкупно602421—6225Динамо Тирана (како позајмен играч)2009–10Албанска Суперлига——1010Скендербег Корча2010–11Албанска Суперлига16811—179Динамо Тирана (како позајмен играч)2010–11Албанска Суперлига14340—183Фљамуртари2011–12Албанска Суперлига10050—150Залаегерцег2011–12Унгарска прва лига8100—81Лапта Турк Бирлиги2012–13КТФФ Супер Лига12300—123Слога Краљево2012–13Српска прва лига13100—131Лачи2013–14Албанска Суперлига25431—285Вкупно во кариерата172441531018847
Наводи
Надворешни врски
АФА профил
Категорија:Српски фудбалери Категорија:Луѓе од Заечар Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1980 година