Филип Ѓорѓевиќ (роден на 28 септември 1987 година) е српски фудбалер кој игра на позицијата како напаѓач.

Ѓорѓевиќ за Србија одиграл 14 натпревари и постигнал 4 гола во периодот од 2012 до 2014 година.

Клупска кариера

Почетна кариера Филип Ѓорѓевиќ ја започнал својата кариера во неговиот роден град во клубот Црвена ѕвезда од Белград, каде што поминал осум години. Одредено време минал и во тимот на Рад како позајмен играч. За Црвена ѕвезда настапил само на осум првенствени натпревари пред да се пресели во Франција.

Нант Откако бил позајмен од Лига 2 за тимот на Нант и им помогнал да се квалификуваат во Лига 1 по сезоната 2007-08, клубот на Нант се согласил да го потпише трајно четиригодишниот договор.Nantes : Djordjevic signe quatre ans Во враќањето на клубот во Лига 1, Ѓорѓевиќ настапил на 19 првенствени натпревари и постигнал вкупно два гола. Тоа се случило во сезоната 2008-09, кога и екипата на Нант повторно заминала да се натпреварува во Лига 2. Во следната сезона 2009-2010, тој има речиси идентична статистика како претходната сезона. Клубот на Нант останал да се натпреварува во Лига 2. Конечно, Ѓорѓевиќ развил поголема конзистентност во сезоната 2010-11 и настапил на 36 лигашки натпревари, притоа постигнувајќи вкупно 12 гола и асистирајќи во пет наврати. Во сезоната 2011–12 со клубот на Нант, кој сѐ уште бил во Лига 2, Ѓорѓевиќ одиграл 28 првенствени натпревари, постигнал шест гола и асистирал пет пати.

Од сезоната 2012-13, Ѓорѓевиќ експлодирал во својата форма и директно придонел за промоција во првата лига на екипата на Нант на крајот од сезоната. На 34 првенствени натпревари, тој постигнал 20 гола и бил најдобар стрелец во Лига 2 на крајот од сезоната. На 16 август 2013 година, екипата на Лион понудила помеѓу 3-5 милиони евра за услугите на Ѓорѓевиќ, иако тој и Нант го одбиле трансферот. По враќањето на клубот во Лига 1, Ѓорѓевиќ постигнал седум гола во првите 12 натпревари, конкурирајќи им на Радамел Фалкао и Златан Ибрахимовиќ за првото место на листата на најдобри стрелци во Лигата.

Лацио На 19 март 2014 година, Ѓорѓевиќ објавил дека ќе замине од Нант во италијанската Серија А во тимот наЛацио од Рим. Тој потпишал преддоговор со екипата на Лацио откако влегол во последните шест месеци од договорот со екипата на Нант. На Лацио му се приклучил на 1 јули 2014 година. Првите голови на Ѓорѓевиќ за Лацио биле постигнати на 29 септември 2014 година, постигнувајќи хет-трик кога неговиот клуб го поразил тимот на Палермо со 4:0. Во тој момент Лацио се наоѓал во горниот дел од табелата во Серија А. Тој повторно постигнал гол во следниот натпревар на клубот, и тоа шутирајќи со глава по нафлената топка на Антонио Кандрева во 25та минута. На овој натпревар екипата на Лацио победила со резултат од 3:2 на домашен терен над клубот на Сасуоло.

Киево На 13 јуни 2018 година, составот на Киево официјално потврдило дека ќе потпише со Ѓорѓевиќ кога неговиот договор ќе истече со клубот на Лацио на 30 јуни. Договорот што го потпишал Србинот ќе трае три години со можност за продолжување за една година.

Репрезентација Ѓорѓевиќ бил повикан во државната репрезентација на Србија на 24 ноември 2007 година на квалификацискиот натпревар од групата А за ЕВРО 2008 на домашен терен против репрезентацијата на Казахстан. На тој натпревар не се појавил во игра. Пет години по неговиот прв повик, на 14 ноември 2012 година селекторот на Србија, Синиша Михајловиќ го избрал за егзибицискиот натпревар против репрезентацијата на Чиле. Тој постигнал гол две минути по влегувањето на теренот како замена.Novosti (Serbian) Đorđević: Imao sam debi za pamćenje. Retrieved 14 November 2012. По квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2014 година против репрезентацијата на Македонија на 15 октомври 2013 година, излегла слика на целосно голиот Ѓорѓевиќ, придружуван од соиграчите Ненад Томовиќ и Александар Коларов. Оваа фотографија наводно ја направил еден гледач кој случајно влегол во соблекувалната.

Статистика во кариерата

Клупска статистика

КлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариДруги натпревариВкупноНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиЦрвена ѕвезда од Белград2005–06100000—102007–08701060—140Вкупно801060—150Рад (како позајмен играч)2006–073516—3516Нант2007–0818710—001972008–0919200—102022009–1019210—002022010–11361244—1041162011–1228621—103172012–13342033—1038232013–14271000—222912Вкупно18159118—6219869Лацио2014–1524831——2792015–162731033103262016–1717011——181Вкупно68115233107716Киево2018–1913110——1412019–20331010——34102020–2127400——274Вкупно 73152000007515Вкупно во кариерата36510119109372400116

Меѓународна статистика Србија Година Натпревари Голови 2012 година 1 1 2013 година 7 2 2014 година 6 1 Вкупно 14 4

Меѓународни голови

Резултатите 1 (во првата колона) ги прикажува головите на екипата на Србија, а резултатите 2 (во втората колона) ги прикажува головите на играчот за репрезентацијата на Србија.

# Датум Место на одржување Противник Резултат Резултат Тип на натпревар 1. 14 ноември 2012 година АФГ Арена, Сент Гален 2–0 3–1 Пријателски 2. 10 септември 2013 година Градски стадион Кардиф, Кардиф 1–0 3–0 Квалификации за Светското првенство во ФИФА 2014 година 3. 15 ноември 2013 година Стадион Забел, Дубаи 1–1 1–1 Пријателски 4. 5 март 2014 година Стадион Авива, Даблин 2–1 2–1 Пријателски

Признанија

Црвена ѕвезда Белград Освоена е Првата лига на Србија и Црна Гора: 2005–06 Освоен е Купот на Србија и Црна Гора: 2005–06

Рад Најдобар стрелец во Српската Прва лига: 2006-07

Нант Член во Тимот на деценијата во Нант: 2010-2019 Купе де ла Лига: 2013-14 - Полуфиналист Најбрзиот гол во Лига 1 - 2013-14 Промоција во Лига 1: 2007–08, 2012–13

Лацио Освоен е Суперкупот на Италија: 2017 година Серија А: 2014–15 3-то место Копа Италија: 2014-15 - финалист, 2016-17 - финалист Суперкуп на Италија: 2015 година - Финалист

Србија Најбрзиот прв гол за Српската фудбалска репрезентација

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Кјево Верона Категорија:Фудбалери на ФК Лацио Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1987 година