Дарко Бајиќ (Белград, 14 мај 1955 година) е српски режисер, сценарист и продуцент.
Биографија Дарко Бајиќ дипломирал во 1982 година, со долгометражниот игран филм Директен пренос. Тој бил првиот студент да дипломира со долгометражен игран филм.
Ова достигнување ќе биде наградувано многупати: специјална награда од жирито за дебитантски режисер на Филмскиот фестивал во Пула, Златна порта на Пула за најдобра продукција и десетина награди на други фестивали во Југославија, додека филмот освои три официјални награди на меѓународниот филмски фестивал во Манхајм.
Бајиќ особено се прославил кога ја режирал ТВ серијата „Сив дом“ (1984 - 1985 ). Серијата станала исклучително позната низ поранешна СФРЈ, а беше „отскочна штица“ за тогашните млади глумци како Зоран Цвијановиќ, Бранислав Лечиќ, Мима Караџиќ, Дубравко Јовановиќ, Никола Којо и Мирјана Јоковиќ.
Често соработувал со Бранислав Лечиќ, Драган Бјелогрлиќ и Лазар Ристовски.
Што се однесува до работата во театарот, Бајиќ во театарот Звездара режирал четири претстави: „Мала“, „Живот Јованов“, „Брод Љубави“, „Осама-Касаба во Њујорк “.
Неговиот татко бил сликарот Милош Бајиќ.
Филмографија Год. Назив 1981 Трага 1982 Директен пренос 1984 - 1985 Сив дом 1988 Заборавени 1990 Заборавени 1990 Почетен удар 1992 Црн бомбардер 1997 Балкански правила 2000 Војна во живо 2004 Цимерки 2008 Запрете го времето 2008 На убавиот син Дунав 2011 О Гринго 2015 Ќе бидеме светски шампиони 2016 Светски шапиони 2019 Линија на животот 2020 Името на народот - // - Сибир (филм) (во подготовка) Наводи
Надворешни врски
Категорија:Српски филмски продуценти Категорија:Српски сценаристи Категорија:Српски филмски режисери Категорија:Родени во 1955 година