мини|250x250пкс| Капела Каѓеница Каѓеница е пештера и прибежиште - црква во Србија. Се наоѓа покрај десниот брег на Западна Морава, во близина на браната за хидроцентралата во Овчар Бања, во атарот на селото Дљин . Пештерата има површина од околу 50 со неколку помали „џебови“. Пристапот до пештерата е уреден. Главната дворана во пештерата е сакрално-споменички простор.
Во ѕидот на Каѓеница е направен прозорец, така што пештерата е доста добро осветлена. Пред пештерата има голем крст.
За време на Хаџи Продановата буна во пештерата, се криел народот од Турците. Меѓутоа, Турците го откриле прибежиштето и на влезот во натрупале грмушки и слама и запалиле оган така што народот во пештерата се задушил . Бидејќи народот се задушил во чадот (кадење) од овој настан, пештерата го добила името Каѓеница. Коските на убиените во пештерата лежеле така до 1936 година."Време", 14. нов. 1936 кога на барање на тогашниот владика жички Николај Велимировиќ, биле погребани во два камени саркофази. Приодот кон пештерата бил уреден пред почетокот на Втората светска војна. Повторното уредување на пештерата и пристапот до неа бил направен во 1991 година.
Каѓеница е под управа на манастирот Преображение. Секоја година на Видовден се одржува парастос.
Наводи
Категорија:Пештери во Србија