Љубинко Друловиќ (роден на 11 септември 1968 година, во Нова Варош) - југословенски и српски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
Кариерата ја започнал во Југославија, каде играл за екипите на Слобода Ужице и Рад, а потоа се преселил во Португалија каде го поминал најголемиот дел од својата играчка кариера и каде меѓу другите клубови го носел дресот и на гигантите Порто и Бенфика. Во Порто поминал седум сезони, освојувајќи 14 титули со клубот.
Во периодот 1996-2001, Друловиќ бил репрезентативец на СР Југославија, за која настапил на Светското првенство 1998 и Европското првенство 2000.
По завршувањето на играчката кариера, Друловиќ започнал да се занимава со тренерска работа. Покрај неколку клубови кој ги водел, тој исто така, бил селектор на репрезенациите на Србија и на Македонија. Од 2023 е селектор на српската репрезентација под 21 година.
Клупска кариера Друловиќ е роден во Нова Варош, СФРЈ, а својата професионална кариера ја започнал во екипата на Слобода Титово Ужице со која дебитирал во сезоната 1988-1989 во втората југословенска лига. Следната година преминал во екипата на Рад за која настапувал две години во првата југословенска лига до распадот на истата.
Во летото 1992 година, тој потпишал двегодишен договор со португалскиот прволигаш Жил Висенте, каде се задржал до декември 1993 година, кога потпишал за славниот португалски клуб Порто; играјќи за двата клуба во сезоната 1993-1994, Друловиќ постигнал вкупно 18 голови што била неговата најплодна сезона во кариерата.
Тој бил еден од ретките играчи на Порто кој придонеле за секоја од петте последователни титули во текот на 1990-тите години. Покрај тоа, во Порто тој останал запаметен по неговите додавања и асистенции за погодоци, пред се како резултат на неговата способност за прецизно нафрлување на топката, правејќи го тоа најчесто до главата на напаѓачот Марио Жардел, кој како расен стрелец немал проблеми неговите додавања да ги претвора во голови, завршувајќи како најдобар стрелец во португалското првенство четири сезони по ред (1996-1997, 1997-1998, 1998-1999 и 1999-2000) освојувајќи притоа и две титули златна копачка за најдобар стрелец во Европа (1998-1999 и 2001-2002).
Во јуни 2001 година, тогаш веќе 33-годишниот Друловиќ се приклучил на екипата на Бенфика, големиот ривал на Порто, каде сепак немал големи успеси. Во сезоната 2002-2003, тој се вратил во татковината каде потпишал за Партизан. Таму бил еден од највлијателните играчи на тимот, помагајќи им на црно-белите да изборат настап во групната фаза на Лигата на шампионите во сезоната 2003-2004, во која титулата ја освоил неговиот поранешен клуб Порто.
Една година подоцна, Друловиќ се вратил во Португалија завршувајќи ја својата кариера во екипата на Пенафиел заедно со поранешниот соиграч од Порто, Антонио Фоља.
Репрезентативна кариера Своето деби за репрезентацијата на СР Југославија, Друловиќ го имал на 28 декември 1996 година, играјќи во пријателскиот натпревар против Аргентина одигран во Мар дел Плата, кој завршил со победа на аргентинците со 3-2; во истиот натпревар тој го постигнал и својот прв гол за репрезентацијата. После тој натпревар, тој продолжил редовно да добива повик во репрезентацијата во следните пет години, забележувајќи вкупно 38 настапи и 3 гола.
Тој бил дел од составот на СР Југославија на Светското првенство 1998, каде не забележал ниту еден настап, и на Европското првенство 2000, каде ги одиграл сите четири натпревари на патот на неговата репрезентација до четвртфиналето. Во групната фаза на првенството, тој постигнал гол во ремито 3-3 против Словенија, а имал и 4 асистенции за други голови на Југославија во текот на турнирот.
Својот последен натпревар за репрезентацијата го одиграл на 6 октомври 2001, во победата со 6-2 над во квалификациите за Светското првенство 2002.
Хронологија на репрезентативните настапи
Тренерска кариера Друловиќ ја започнал својата тренерска кариера во скромниот португалски клуб ГД Туризенсе, во 2006–07 година. На крајот од сезоната, тој добил професионална тренерска лиценца.
На почетокот на април 2008 година, Друловиќ станал тренер во екипата на ФК Банат од Зрењанин во српската Суперлига. Како петти тренер во сезоната – тој го заменил Жарко Солдо. Кога го презел тимот бил на осмата позиција од вкупно 12. Тимот бил во опасност од испаѓање во понизок ранг, бидејќи до крајот на сезоната останале само уште 11 кола. На крајот, на 17 мај во последното коло, тој не можел да му помогне на тимот да избори опстанок во лигата по поразот со 4:1 од екипата на ФК Војводина.
Во јуни 2008 година, Друловиќ се преселил во Словенија и потпишал со клубот на НК Драва од Птуј. Речиси две години подоцна, во јануари 2010 година, бил назначен за тренер на ЦД Примеиро де Агосто од Анголската Гирабола лига.
Статистика во кариерата
Репрезентативна статистика
Извор:
СР Југославија Година Настапи Голови 1996 1 1 1997 11 0 1998 6 0 1999 6 1 2000 9 1 2001 5 0 Вкупно 38 3
Титули Играч Порто
Примеира лига : 5 1994–1995, 1995–1996, 1996–1997, 1997–1998, 1998–1999 10px Куп на Португалија : 4 1993–1994, 1997–1998, 1999–2000, 2000–2001 Суперкуп на Португалија : 5 1993, 1994, 1996, 1998, 2001
Тренер Примеиро де Агосто Суперкуп на Ангола : 1 2010
Србија У19 Европско првенство за играчи под 19 години : 1 2013
Поединечни признанија
Српски тренер на годината : 2013
Тренерска статистика - тренер на репрезенатацијата на Македонија од април 2015 година до октомври 2015 година
Во тој период репрезентацијата на Македонија одиграла вкупно 5 натпревари и постигнала резултат од 4 порази и 1 нерешен резултат.
Натпревари на селекторската клупа на Македонија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Српски фудбалски тренери Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1998 Категорија:Фудбалери на ФК Порто Категорија:Фудбалери на ФК Бенфика Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Српски фудбалери Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1968 година