Куќа на Чокалови — стара куќа во градот Велес од времето на Македонската преродба. Прогласена е за значајно културно наследство на Македонија во 1964 г.

Историја лево|210п|мини|Уличен поглед на куќата. Во продолжение се куќите на Тренчови и Прнарови. Куќата е сместена во населбата Прцорек, на ул. „Јован Наумов Алабакот“ бр. 7. Изградена е околу 1868 година во месноста Варналиите. Во нејзиното соседството се други знаменити домови како Куќата на Паунови (бр. 10), Куќата на Тренчови (бр. 5) и Куќата на Прнарови (бр. 3) со кои образува впечатлив комплекс.

Оваа градба, како и другите во комплексот, е карактеристичен претставник на традиционалната староградска архитектура во Велес од XIX век. Има забележително убави резбани тавани и други елементи својствени за традиционалното градителство.

Поврзано Варналии Прцорек

Наводи

Надворешни врски

Чокалови Категорија:Знаменитости во Велес Чокалови