Милош „Мољац“ Јаниќијевиќ (роден на 21 март 1989 година во Краљево) е српски фудбалер, кој моментално настапува за екипата на Динамо Врање.

Клупска кариера Металац Трговaчки 2006–07 Јаниќијевиќ започнал да игра во локалниот клуб на Металац Трговачки. Тој започнал да игра во првиот тим во сезоната 2006–07. На 15 одиграни натпревари за клубот постигнал 2 гола.

2007–08 Во втората сезона со првиот тим на клубот на Металац, одиграл 24 првенствени натпревари и постигнал 2 гола.

2008–09 Во првата полусезона одиграл 14 првенствени натпревари и постигнал 1 гол. Потоа заминал во соседството, во Слога Краљево.

Слога од Краљево Во првата сезона играјќи за составот на Слога, како позајмен играч од Металац Трговачки одиграл 15 лигашки натпревари, а постигнал 6 од вкупно 9те голови на составот на Слога. Тој на 17 мај 2009 година постигнал два од тие 6 гола во домашната победа против составот на Лозница за победа во лигата.

2009–10 Во првата сезона во Српската прва лига одиграл 21 натпревар и постигнал 4 гола. Два гола биле постигнати на домашен терен, еден против составот на Младост Лучани, натпревар кој завршил со резултат од 2:1. Тој постигнал вкупно два гола од 6те на тимот, првиот на 17 мај 2009 година во победата на домашен терен против составот на Лозница, Со двата гола што ги постигнал на гостински терен составот на Слога ги загубила. Тоа била лоша сезона за екипата на Слога од Краљево, бидејќи клубот испаднал од Српската лига Запад таа сезона.

2010–11 Во Српската лига Запад одиграл 28 натпревари и постигнал 4 гола. Исто така, тој одиграл еден натпревар во Лав Купот на Србија, и тоа против составот на Црвена ѕвезда Белград. Екипата на Слога го загубила тој натпревар, но оставила добри впечатоци во играта. Претходно, тој се појавил во натпревар од купот против екипата на Раднички од Ниш. Тоа била одлична сезона за него и за составот на Слога од Краљево. Екипата на Слога во таа сезона ја освоила Српската прва лига.

2011–12 Во таа сезона Јаниќиевиќ одиграл вкупно 31 лигашки натпревар и постигнал 4 гола. Тоа била добра сезона за него. Постигнал ефектен гол, и доста придонесувал за тимот да се приклучи кон врвот на табелата. Но, на крајот од сезоната екипата на Слога била пласирана на 7та позиција на табелата. Сепак клубот не успеал да се квалификува во Јелен Суперлига. Подоцна заминал во Полска, но по неуспешниот ангажман повторно се приклучил на српски тим овојпат во составот на Слобода од Ужице.

Слобода Ужице Јаниќиевиќ бил лиценциран за сезоната 2012-13 со дресот број 14. Одиграл вкупно 7 лигашки натпревари во сезона, но само еднаш бил во стартните 11мина.

Враќање во Слога Краљево По сезоната помината во клубот на Слобода од Ужице, се вратил во екипата на Слога. Одиграл 2 натпревари, а потоа и се повредил. Тој се вратил на теренот на 11от, 12от и 13от натпревар, но повторно ја обновил повредата. Се опоравил во втората полусезона и настапил на вкупно 14 натпревари, притоа постигнал 3 гола и сите на домашен терен против екипите на БСК од Борча, Радник од Сурдулица и составот на Телеоптик.

Мачва Шабац Ва сезоната 2014–15, тој се приклучил на составот на Мачва од Шабац. По првата половина од сезоната, тој го напуштил клубот.

Динамо Врање Јаниќијевиќ му се приклучил на составот на Динамо Врање во летото 2015 година.

Статистика во кариерата

Клупски достигнувањаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариВкупноСезонаКлубЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиСрбијаЛигаКуп на СрбијаЕвропскиВкупно2006–07Mеталац ТрговачкиЛига Запад15200001522007–0824200002422008–091410000141Слога од Краљево15600001562009–10Прва Лига21400002142010–11Лига Запад28420002942011–12Прва Лига31400003142012–13Слобода од УжицеСуперлига700000702013–14Слога од КраљевоПрва Лига17300001732014–15Мачва од Шабац900000902015–16Динамо од Врање1400000140ВкупноСрбија19526200019726Вкупно во кариерата19526200019726

Наводи

Надворешни врски

Статистика на Милош Јаниќијевиќ на utakmica.rs (на српски)

Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1989 година