мини|Јовановиќ како тренер на АПОЕЛ Иван Јовановиќ (роден на 8 јули 1962 година) е српски професионален поранешен фудбалер и фудбалски тренер. Моментално Јовановиќ е актуелен тренер на грчкиот суперлигашки клуб Панатинаикос.

Професионална кариера Јовановиќ настапувал за ФК Рад во југословенската прва лига во сезоните 1987–88 и 1988–89. Следната сезона, преминал во грчкиот тим Ираклис, каде што настапувал до крајот на кариерата. За време на неговиот престој во Ираклис, Јовановиќ се развил во еден од најквалитетните странски играчи кои некогаш играле за тој клуб.

Тренерска кариера

Грција Иван Јовановиќ ја започнал својата тренерска кариера во 2001 година во грчкиот тим Ники Волу. Подоцна работел за екипите на Ираклис и Паначаики.

АПОЕЛ Во текот на неговата тренерска кариера во клубот на АПОЕЛ освоил 9 трофеи, од кои 4 првенства, 1 куп и 4 Суперкупа. Јовановиќ, му помогнал на составот АПОЕЛ да се квалификува за групната фаза на Лигата на шампионите на УЕФА во 2009 година и тоа за прв во нивната историја. Две години подоцна, тој го повторил своето достигнување и не само што му помогнал на составот на АПОЕЛ да се квалификува во групната фаза од Лигата на шампионите на УЕФА 2011-12, туку успеал и да се квалификува во четврт-финалето. Клубот бил на врвот во својата група. Потоа го елиминирале клубот на Олимпик од Лион во осмина-финалето на пенали. АПОЕЛ бил елиминиран од составот на Реал од Мадрид во четврт-финалето. Јовановиќ важел за најуспешниот тренер во историјата на составот на АПОЕЛ.

За време на седумгодишниот период во клубот на АПОЕЛ, шест пати бил награден со наградата „Тренер на сезоната“ од страна на Кипарскиот фудбалски сојуз. Во 2011 година бил награден и со наградата „ Српски тренер на годината“ од Фудбалскиот сојуз на Србија.

На 30 април 2013 година, АПОЕЛ објавил дека Иван Јовановиќ решил да замине на крајот на сезоната 2012–13. Во клубот успешно работел последователно 5 години и половина (а вкупно седум години).

Ал Наср На 18 јуни 2013 година, Јовановиќ бил најавен како нов главен тренер на емиратскиот клуб Ал Наср. Со тој клуб потпишал двегодишен договор. На 19 мај 2014 година, Јовановиќ го предводел својот тим до победа од 2:1 над екипата на Сахам во финалето на Лигата на шампионите во ГЦЦ за 2014 година. За Јовановиќ тоа бил првиот трофеј како тренер на екипата на Ал Наср.

На 29 октомври 2016 година, клубот на Ал Наср го отпуштил Јовановиќ од техничкиот штаб на првиот фудбалски тим, откако не успеал да ги прилагоди претходните технички грешки.

На 19 јануари 2018 година, екипата на Ал Наср повторно го назначила Јовановиќ, овојпат како замена за тренерот Чезаре Прандели.

На 2 декември 2018 година, Јовановиќ бил отпуштен по втор пат по незадоволителниот почеток на сезоната 2018-19 во ОАЕ Про-лигата.

ОАЕ На 22 декември 2019 година, Иван бил назначен за нов селектор на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати. На 6 април 2020 година, ФА (фудбалската асоцијација на Емиратите) на ОАЕ објавила раскинување на неговиот договор.

Панатинаикос На 17 јуни 2021 година, било објавено дека Јовановиќ е назначен за главен тренер на составот на Панатинаикос со договор од една година. Во својот прв натпревар како тренер во Суперлигата за популарните зелени постигнал победа, против составот на Аполон од Смирнис со резултат од 4.0.

Тренерска статистика Од 19 јануари 2022 година

Пријателските натпревари не се вклучени, па затоа може да се добие впечаток како да не бил тренер во ОАЕ Клуб Од До Натпревари Вкупно натпревари Победи Нерешени Порази Коефициент Ираклис 28 мај 2002 година 28 декември 2002 година 18 8 4 6 1.56 АПОЕЛ од Никозија 25 ноември 2003 година 6 март 2005 година 2 0 1 1 0,50 Паначаики 1 ноември 2005 година 10 април 2006 година 23 6 6 11 1.04 Ираклис 6 февруари 2007 година 17 декември 2007 година 22 8 6 8 1.36 АПОЕЛ од Никозија 7 јануари 2008 година 30 јуни 2013 година 222 142 40 40 2.10 Ал-Наср 18 јуни 2013 година 29 октомври 2016 година 92 38 25 29 1.51 Ал-Наср 19 јануари 2018 година 15 декември 2018 година 21 10 5 6 1.67 ОАЕ 22 декември 2019 година 6 април 2020 година 0 0 0 0 0,00 Панатинаикос 17 јуни 2021 година присутни 21 11 4 6 1.74

Признанија

Клупски признанија

АПОЕЛ

Освоена е Кипарската прва дивизија: 2003–04, 2008–09, 2010–11, 2012–13; Освоен е Кипарскиот куп: 2007–08; Освоен е Кипарскиот Суперкуп: 2004, 2008, 2009, 2011 и Четврт-финале во Лигата на шампионите на УЕФА: 2011–12

Ал-Наср

Освоена е Лигата на шампиони ГЦЦ: 2014 година; Освоен е Купот на претседателот на ОАЕ: 2014–15; Освоена е Лига купот на ОАЕ: 2014–15 Четврт-финале на Лигата на шампионите на АФЦ : 2016 година

Поединечни признанија

Менаџер на сезоната (Кипар): 2003–04, 2008–09, 2009–10, 2010–11, 2011–12, 2012–13 и Прогласен за Српски тренер на годината: 2011 година

Наводи

Категорија:Српски фудбалски тренери Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Српски фудбалери Категорија:Луѓе од Лозница Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1962 година