Дом на културата „Наум Наумовски - Борче“ — дом на културата во градот Крушево. Зградата е прогласена за културно наследство на Македонија.
Опис Градбата е сместена на ул. „Коча Миленку“ бр. 72 во Влашкото Маало во јужниот дел на градот. Изградена е во 1950-тите години. Се состои од сутерен, приземје и кат. Изградена е од камен и цела тула, а покривната конструкција е дрвена со ќерамиди. Има мошне малку украсни елементи и пластика.
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Крушево
Наводи
Надворешни врски
Дом на културата „Наум Наумовски – Борче“ на порталот на Крушево
Категорија:Згради и градби во Крушево Категорија:Знаменитости во Крушево Категорија:Култура на Крушево