Немања Михајловиќ (Белград, 19 јануари 1996) е српски фудбалер кој моментално настапува за екипата на Спартак од Суботица.
Клупска кариера Михајловиќ ги поминал помладите категории на белградскиот клуб на Рад, а во првиот тим се приклучил за време на зимските подготовки во 2013 година. Својот прв натпревар за составот на Рад го имал на 3 април 2013 на натпреварот против екипата на Долен Срем. Тоа бил натпревар од 21то коло од српската Суперлига во сезоната 2012/13. Немања влегол во игра пред крајот на натпреварот, на местото на Урош Ѓурѓевиќ. Својот прв гол го постигнал на 16 август 2014 година на натпреварот со екипата на Борац од Чачак, во 2то коло од српската Суперлига во сезоната 2014/15. Во дресот на Рад одиграл вкупно 54 натпревари во Суперлигата и постигнал пет гола.
На 28 декември 2015 година потпишал тригодишен договор со екипата на Партизан. Својот прв натпревар за составот на Партизан го одиграл на 21 февруари 2016 година, на натпреварот од 23то коло во српската Суперлига во сезоната 2015/16, против составот на ОФК Белград. На теренот ги поминал сите 90 минути, а црно-белите загубиле со резултат од 2:1. Во наредното коло на стадионот на Партизан се одиграло 150-то вечно дерби во кое составот на Црвена ѕвезда победила со резултат од 2:1. На тој натпревар Михајловиќ му асистирал на соиграчот Седрик Гогуи за единствениот гол на црно-белите на натпреварот. Првиот гол за екипата на Партизан го постигнал на 2 март 2016 година, во четвртфиналниот натпревар од Купот на Србија, против клубот на Раднички од Ниш. Првиот гол за Партизан во српската Суперлига Немања го постигнал на 6 април 2016 година на гостувањето кај екипата на Јавор од Ивањица. Во мај 2016 година, тој го освоил својот прв трофеј со екипата на Партизан, во Купот на Србија за сезоната 2015/16. Бил вклучен и во идеалниот тим на српската Суперлига за сезоната 2015/16.
Михајловиќ бил стандарден првотимец на екипата на Партизан, додека тренер бил Иван Томиќ. Бил стартер и кај наредниот тренер Марко Николиќ во првите шест натпревари, но од 152-то вечно дерби, во кое бил заменет по првото полувреме, го загубил местото како првотимец и на теренот влегувал најчесто од клупата за резервни играчи. Михајловиќ во сезоната 2016/17 ја освоил двојната круна со екипата на Партизан, со 25 првенствени настапи и два постигнати гола. Следната 2017/18 сезона ја започнал во клубот, заедно со тренерот Мирослав Ѓукиќ. Тој настапил на двата натпревари против подгорички Будуќност во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Неговиот последен натпревар во тимот на Партизан бил на 22 јули 2017 година, во првото коло од српската Суперлига за сезоната 2017/18, против составот на Мачва од Шабац на стадионот во Белград. Немања на теренот влегол во 77та минута на местото на Данило Пантиќ, а веќе во 85та минута постигнал гол и ги поставил конечните 6:1 за екипата на Партизан.
На 28 јули 2017 година Немања Михајловиќ се преселил во холандскиот клуб Херенфен. Михајловиќ потпишал договор со новиот клуб на четири (3 + 1) години. Како што било објавено на сајтот на фудбалскиот клуб на Партизан, вредноста на трансферот е 1.700.000 евра, а Михајловиќ му простил на клубот долг од 50.000 евра. Првиот гол за новиот клуб Михајловиќ го постигнал на својот прв натпревар. Тој влегол на теренот во 74та минута од натпреварот против составот на Хераклес, а во судиското надополнување го постигнал израмнувачкиот гол и ги поставил конечните 1:1. Михајловиќ не успеал да се избори за статусот првотимец во екипата на Херенфен. За две и пол години одиграл само 26 првенствени натпревари, на кои постигнал вкупно три гола.
Во јануари 2020 година се преселил во полскиот прволигаш Арка Гдиња. Тој го напуштил клубот по една полусезона. На почетокот на септември 2020 година потпишал двегодишен договор со турскиот второлигаш Болуспор.
На првиот ден од септември 2021 година Михајловиќ бил претставен како нов фудбалер на екипата на Спартак од Суботица со кој потпишал договор на две години и половина.
Репрезентација Првата покана за младата репрезентација ја добил во месец март 2016 година од селекторот Томислав Сивиќ. Михајловиќ, првиот натпревар во дресот на младата репрезентација го имал на 25 март 2016 година, на натпреварот против селекцијата на Андора во квалификациите за Европското првенство 2017 година во Полска.
Во мај 2016 година, селекторот на сениорската репрезентација на Србија, Славољуб Муслин, го вклучил Михајловиќ на списокот на играчи за пријателските натпревари со репрезентациите на Кипар, Израел и Русија. Михајловиќ одговорил на поканата, но по одлука на селекторот Муслин не добил можност да настапи на ниту еден натпревар.
Успеси
Клупски успеси
Партизан
Освоена е Српската Суперлига (1): 2016/17. Освоен е Купот на Србија (2): 2015/16, 2016/17.
Поединечни успеси
Српската Суперлига - избран е во идеалниот тим на сезоната: 2015/16 год.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Фудбалери на ФК Херенфен Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Српски фудбалери Категорија:Родени во 1996 година