Златкова кула — средновековна кула во градот Кратово прогласена за културно наследство на Македонија.
Според стилските особености, кулата е изградена најверојатно во 1365 година. Сместена е во градскиот центар и е една од 12-те одбранбени кули на Кратово. Се наоѓа меѓу Симиќевата кула и Саат-кулата. Има две приземја (горно и долно) и уште два ката. Поставена е на квадратна основа со димензии 6,30 × 6,50 м. Се издига на височина од 14,15 метри. Влезот првично бил од источната страна, но преместен е на денешното место по многубројни реконструкции. Денес влезот е од северната страна.
Поврзано Архитектура на Кратово Културно наследство на Македонија во Општина Кратово
Наводи
Категорија:Кули во Кратово Категорија:Знаменитости во Кратово