Никифор Григора (околуво — околуво ) ― византиски историчар, дипломат и научник.

Животопис Образованието го започнал во родната Хераклеја на Понт, а го завршил во Константинопол. Со своите реторички настапи и познавања од областа на астрономијата, ги придобил симпатиите на императорот Андроник II Палеолог. Се знаимавал со образовна, научна и дипломатска дејност. Имал широки познавања од сите тогаш познати науки. Неговиот богат научен опус опфаѓа дела од повеќе области: филозофија, астрономија, теологија, математика, музика и историја.

Посебно значење има неговото капитално историографско дело Римска историја во 37 книги, во која е опфатен периодот од 1204 до 1359 година. Трудот претставува драгоцен извор за македонската историја во 13 век и во првата половина на 14 век. Во него се презентирани податоци за борбите водени помеѓу Епир и Никеја, помеѓу Византија, Србија и Бугарија за превласт во Македонија и за хегемонија на Балканот, како и податоци за почетоците на турското присуство на Балканот и во Македонија.

Македонија и Македонците во делото на Никифор Григора

Македонија и Македонците се споменати во повеќе наврати во делото на Никифор Григора.

Наводи

Надворешни врски

Македонците во делото на Никифор Григора Александар Атанасовски - Македонија и Македонците Во Делото На Никифор Григора

Категорија:Византиски историчари Категорија:Византиски теолози